Подземните води на локалитетот Дивјак како алтернатива за водоснабдување на Свети Николе

Spasovski, Orce (2008) Подземните води на локалитетот Дивјак како алтернатива за водоснабдување на Свети Николе. Зборник на трудови - Geologica Macedonica (2). pp. 11-30.

[thumbnail of Posebno izdanie na Geologica Macedonica.pdf] Text
Posebno izdanie na Geologica Macedonica.pdf

Download (5MB)

Abstract

Значењето на квалитетното познавање на сите водени ресурси, денес претставува основен предуслов за егзистенција и понатамошен развиток на општеството во целина. Водоснабдувањето на населението и индустријата во Република Македонија преку 80% се обезбедува преку зафаќање на подземните води. Со оглед дека за системите на регионалното водоснабдување неопходно е да се вложат енормни
средства и тоа воглавно за изградба на површински акумулации, решавањето на проблемот на водоснабдувањето на субрегионално, општинско или локално ниво, практично добива се поголемо
значење, помеѓу останатото и поради рационалните услови на изградбата и одржувањето на системите. Во таа смисла, многу квалитетен пристап на истражување за потребите на изнаоѓање на локални потенцијални услови за јавно централизирано водоснабдување на поедини населби или
делови на општински територии, а со тоа и рационални и осмислени вложувања за иднината, секако претставува пример општина Свети Николе. Во овој труд се истакнати потенцијалните можности
за зафаќање на економски исплатливи количини на подземни води во неогените седименти, врз основа на резултатите од изведените хидрогеолошки истражувања.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: хидрогеологија, подземни води, издани, водоснабдување, Неоген Басен.
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Orce Spasovski
Date Deposited: 27 Nov 2012 14:00
Last Modified: 11 Jun 2013 08:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2224

Actions (login required)

View Item View Item