Stojanovska, Slagana (2019) Значењето на хепаталните ензими како биомаркери при биомониторинг на животните навики кај пациенти со дислипидемија. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Специјалистички-труд-финално-Слаѓана-Стојановска-converted.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Дислипидемијата е хетероген збир на нарушувања, a ја карактеризираат абнормални концентрации на липидите и липопротеините. Особено важен кај пациентите со дислипидемија е биомониторингот,којшто го вклучува липидниот профил, но и хепаталните ензими со чијашто помош може да се одреди статинската терапија со цел побрзо и поефикасно третирање на пациентот.
Целта на овој специјалистички труд е: да се укаже на важноста и значењето на хепаталните ензими како биомаркери за хепатотоксичност и на лошите животни навики кај испитаници со дислипидемија.
Во овој специјалистички труд е направен биомониторинг на биохемиските маркери како хепаталните ензими (серумски аминотрансферази) како и други ензими (креатин киназа) во корелација со други животни навики. Дополнителен метод е компаративниот метод за споредба или корелација на хепаталните ензими со останатите биохемиски параметри коишто укажуваат на одредена физиолошка состојба во организмот. Временската рамка го вклучува периодот 2018-2019 година, којшто беше доволен временски интервал за завршување на истражувањето.
Резултатите од овој труд ја потврдуваат важноста на хепаталните ензими како потенцијални биомаркери со коишто може да се следи физиолошката состојба на хепарот во корелација со одредени животни навики кај пациенти со дислипидемија. Исто така, пронајдено беше дека кај одредени испитаници со прекумерна тежина, пушачи и други ризични групи, има покачени вредности на одредени хепатални ензими (како што се серумските аминотрансферази),но и други ензими (креатин киназата) како биохемиски маркери.
Клучни зборови: биомониторинг, биомаркери, хетапални ензими, дислипидемија, животни навики, липиден профил.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 11 Jul 2019 06:56 |
Last Modified: | 11 Jul 2019 06:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22190 |
Actions (login required)
View Item |