Nateva, Marina (2019) Молекуларни, клеточни и биохемиски биомаркери како предиктори за цитотоксичност во организмот. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
specijalisticki-trud-Marina-Nateva-lectorirano (2)-converted.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Биомониторингот користи различни биомаркери кои можат да го потврдат присуството на разни хемиски агенси во телото и нивните ефекти врз клетките или молекулите. Клиничката евалуација на биолошките маркери има важна улога во точната дијагноза, како и за проценката на ризикот и прифаќање на терапија што го подобрува клиничкиот исход. Овој труд ги опфаќа молекуларните, клеточните и сегашните биохемиски биомаркери како хепаталните и други ензими. Целта на овој специјалистички труд е да се укаже на значењето на различни молекуларни, клеточни и биохемиски биомаркери, како и да се направи корелација меѓу најчесто користените биомаркери како потенцијални предвидувачки параметри преку коишто може да се следи и да се потврдува цитотоксичноста во организмот од одредени хемиски агенси. Во оваа студија, хепатотоксичните ефекти беa следени кај пациенти со хронична срцева слабост, како и кај пациенти со дислипидемија коишто подолго време се со препишана статинска терапија. Беа следени биохемиските маркери, главно хепатални ензими (серумски аминотрансферази) како и други ензими (креатинин киназа ) со дозата и типот на статинската терапија, индекс на телесна масаи возраста во временски интервал додека трае истражувањето. Резултатите од овој труд потврдуваат дека високите вредности на хепаталните ензими се во корелација со дозата и типот на статинската терапија, индексот на телесна масаи со други параметри. Тоа значи дека поголеми дози од овие хемиски агенси можат да делуваат токсично, додека малите дози можат да имаат кумулативен ефект, да се задржат подолг временски интервал и последиците да бидат потврдени многу подоцна.
Клучни зборови: биохемиски биомаркери, хепатотоксични ефекти, аминотрансферази, креатинин киназа.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 11 Jul 2019 06:55 |
Last Modified: | 11 Jul 2019 06:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22189 |
Actions (login required)
View Item |