Влијание на времето на мацерација врз ароматичниот профил на вина од сортата Вранец

Bogeva, Elena (2019) Влијание на времето на мацерација врз ароматичниот профил на вина од сортата Вранец. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Дел1-Магистерска-Елена Богева.pdf]
Preview
Text
Дел1-Магистерска-Елена Богева.pdf

Download (345kB) | Preview
[thumbnail of Дел2-Магистерска-Елена.pdf]
Preview
Text
Дел2-Магистерска-Елена.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Вранец е една од најважните сорти на црвено винско грозје во Република Македонија што се одгледува во сите виногорја, но главно е најзастапено во Тиквешкото Виногорје. Во оваа магистерска работа беа испитувани вина од сортата вранец, произведени со различни периоди на мацерација (4, 7, 14 и 30 дена), во присуство на ензим и дабов чипс за време на ферментацијата, со цел да се утврди влијанието на условите за винификација врз профилот на аромата на овие вина. Екстракцијата на ароми беше извршена со примена на цврсто-фазна микроекстракција поврзана со автоматски headspace (HS-SPME), во комбинација со гасна хроматографија и масен детектор (GC-MS). Применетата техника е многу ефикасна техника за одделување, екстракција и за сепарација на ароматични соединенија во виното. Беа идентификувани вкупно 63 ароматични соединенија во вината вранец, кои главно припаѓаат на следниве групи соединенија: естри, алкохоли, масни киселини, алдехиди, кетони и сулфурни соединенија. Беше заклучено дека содржината на ароматичните соединенија главно зависи од времето на мацерација, при што беше забележана зголемена содржина на алкохоли, естри и масни киселини со зголемување на времето на мацерација, од четвртиот до седмиот ден. Присуството на дабов чипс за време на ферментацијата го подобрува формирањето на ароми во вината. Тестот StudentNewman-Keuls беше применет за да се утврдат можните значителни разлики помеѓу вината. Дополнително, беше применета карактеристична векторска анализа за да се утврди разделување и групирање на вината според времето на мацерација и третманот со дабов чипс.


Клучни зборови: арома, вино, мацерација, ензим, дабов чипс, HS-SPMEGC-MS, вранец

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 11 Jul 2019 06:53
Last Modified: 11 Jul 2019 06:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22186

Actions (login required)

View Item View Item