Структурна физичка и хемиска карактеризација на перлит како супстрат за подобрување на својствата на почвите

Markoska, Vesna (2019) Структурна физичка и хемиска карактеризација на перлит како супстрат за подобрување на својствата на почвите. PhD thesis, Faculty of Agriculture.

[thumbnail of Vesna Markoska Doktorska disertacija.pdf]
Preview
Text
Vesna Markoska Doktorska disertacija.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Перлитот е природна минерална суровина од вулканско потекло што настанува со ладењето или стврднувањето на вулканската лава. При термичка обработка на висока температура од 850 до 900 °C тој се експандира. Поради своите карактеристики меѓу кои висока порозност, топлотна спроводливост, ниска густина, хемиска инертност, експандираниот перлит претставува многу корисен материјал со широк спектар на негова примена. Во таа насока се прикажани резултатите од физичката, структурната и хемиска карактеризација на перлитот како супстрат за подобрување на својствата на почвите. За карактеризација на користената суровина перлит во експандирана форма, применети се следниве аналитички методи и техники: хемиска анализа, микроскопски испитувања SEM и трансмисиски поларизациски метод, термогравиметриска анализа DTA и TG, FTIR, XRD. За реализација на поставената цел, перлитот е користен во 5 различни соодноси, заедно со два почвени типа: флувијатилната почва, хидрогената црница и тресетот, во следниве комбинации: перлит (П) 20 %; 30 %; 50 %; 70 %; 80 % од волуменот и 100 % перлит. Флувијатилна почва (Аа) 80 %; 70 %; 50 %; 30 %; 20 % од волумен и 100 % флувијатилна почва. Хидрогена црница (Аб) 80 %; 70 %; 50 %; 30 %; 20 % од волуменот и 100 % хидрогена црница. Тресет (Т) 80 %; 70 %; 50 %; 30 %; 20 % од волумен и 100 %тресет. Испитувани се физички својства: вистина, густина, привидна фактичка густина, порозност, ретенциски воден капацитет, водна и воздушна порозност, водопропустливост и физиолошка достапна влага. Перлитот се одликува со поволни физички својства. Порозноста е висока од 88,09 %, со доминација на некапиларните пори. Вистинската густина (ρ) g/cm3 и привидната густина (ρρ) g/cm3 се ниски. (ρ) g/cm3 = 0,83 g/cm3. (ρρ) g/cm3 = 1,49 g/cm3. Ретенциониот воден капацитет е висок. Физиолошката достапна влага изнесува 31,70 %. KSAT (mm/h) изнесува 145,58 mm/h. Испитувавањата на ретенциските криви кај перлитот, почвените типови и тресетот беа извршени со примена на метод на примена на притисок со Bar extractor за определување на ретенција на влага, при 7 различни режими: 0.1 bar; 0.33 bar; 1 bar, за определувањето на ретенција на влага во перлитот при повисоки притисоци беше применет методот на Richard (Porous plate extractor), 3 barа; 6.25 barа; 11 barа и 15 barа. Перлитот на притисок од 0,1 bar е со добиен резултат од средна вредност од 67,85 %, при притисок од 0,33 bar со средна вредност 58,35 %, при притисок од 1 bar - 47,70 % од 3 barа - 39,78 % од 6,25 barа - 34,84, при притисок од 11 barа - 30,10 %, од 15 barа со средна вредност од 26,65. Од другите анализирани варијанти со нивните 5 различни соодноси и нивните резултати кои се добиени
во ова истражување, утвдуваме дека перлитот има силно влијание скоро врз сите соодноси, а со тоа овозмужува поповолни физички својства. Испитувани се и хемиските својства: pH-реакција, содржина на соли, EC mS/cm, капацитет на размена атсорпција на катјони CEC (meq/100 g), содржината на вкупните базични јони (S), определување на хумус % и азот N %, електричен кондуктивитет EC mS/cm, вкупен капацитет за атсорпција на катјони cmol(+)кg-1 (Т), степен на заситеност со базични јони (V %), содржината на јоните на калциум Ca2+ и Mg2+, содржина на јони на натриум - Na+ cmol(+)kg1; H+ + Al3+ cmol(+)kg-1, состав на разменливи катјони атсорбирани јони во %. Реакцијата на супстратниот раствор на перлит е неутрална со средна вредност од pH 6,72. Содржината на соли кај супстратот перлит е со средна вредност на кондуктивитетот од 0,10 mS/cm. Вкупен капацитет за атсорпција на катјони cmol(+)кg-1 (Т) кај перлитот е висок со вредност од 173,32 cmol(+)кg-1. Исто и содржината на вкупните базични јони (S) кај перлитот е со средна вредност од 171,12 cmol(+)кg-1. Степенот на заситеност со базични јони (V %) е висок со вредност 98,73 %, содржината на базичните јони Ca2+ кај супстратот перлит е со висок процент со средна вредност од 142,01 cmol(+)кg-1. Содржината на базичните јони Mg2+ кај супстратот перлит има средна вредност од 14,00 cmol(+)кg-1. Содржината на К+ има поголема застапеност на овие јони има кај супстратот перлит со средна вредност од 15,00 cmol(+)кg-1. Содржина на јони на натриум - Na+ cmol(+)kg-1; H+ + Al3+ cmol(+)kg-1 кај перлитот се ниски со вредност на Na+ од 0,11 cmol(+)kg-1 и со ниска вредност од 2,20 H+ + Al3+ cmol(+)kg-1. Тестирани беа почвата, тресетот и перлитот во поставениот опит. Опитот со медиумите беше засаден наесен со растение Viola x wittrockiana Gams на отворено. Од биометриските параметри беа анализирани: висина на растение (mm), дебелина на стеблото (mm), број на разгранувања, број на гранки, број на цветни пупки и должина на корен. Добиените резултати беа статистички обработени според методот на анализа на варијанса и LCD-тест (најмалку значајна разлика).

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Rubin Gulaboski
Date Deposited: 05 Jun 2019 07:26
Last Modified: 05 Jun 2019 07:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22091

Actions (login required)

View Item View Item