Koleva, Blagica and Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Miteva-Kacarski, Emilija (2019) Сметководствените информации – квалитетна алатка за ефективен перфоманс на претпријатијата. Универзитет „Гоце Делчев" - Штип, Годишен зборник, 17. ISSN 1857-7628
Preview |
Text
EF, B.Koleva.pdf Download (703kB) | Preview |
Abstract
Сметководството е значаен извор на информации, а финансиските информации се важни за донесување одлуки од страна на корисниците на тие информации. Сметководствените информации не служат само кај донесување на деловни одлуки, нивната функција е повеќенасочена, комплексна, каде меѓу останатото се јавуваат и како поддршка за изработка на деловни планови на претпријатијата. Деловниот план на претпријатијата се темели на управувачки извештај на претпријатието кое го дефинира главниот менаџмент, а се изработува во управувачко сметководство на организацијата. Составните делови на успешното управувачко сметководство се темелат на планирање и контрола, сметковдствена евиденција и финансискто известување се однесуваат како примарен извор на податоци кои се користат во планирање, контрола и анализа на секое современо претпријатие денес. Значајноста на овие информации, односно вредноста на самите информации е неопходно да се огледа токму во процесот на кој менаџментот ги спроведува корективните дејности при отстапување од планираното. За да се обезбеди ефективно функционирање на сметководствениот информациски систем и сигурните сметковдствени информации, во сметководствениот информациски систем денес се имплементираат ефективни техники и контролни постапки. Најважниот облик е ревизија, анализа на смектововдствените информации. Сепак, процесот на деловно одлучување е сложен процес кој започнува со основна фаза на собирање на релевантни инфромации, каде повеќе од јасно е дека неквалитетните и невалидни инфромации најчесто доведуваат до неефективно донесени одлуки и негативен перформанс на претпријатијата. Токму затоа, подолу имплементираниот труд ќе го насочи своето истражување кон разјаснување на значајноста на сметководствените инфромации, како и влијанието на истите врз финансискиот и воопшто деловниот перформанс на македонските претпријатија во турбулентното деловно опкружување денес.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Blagica Koleva |
Date Deposited: | 21 May 2019 08:58 |
Last Modified: | 21 May 2019 08:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22040 |
Actions (login required)
View Item |