Интеракции на канабидиол и тетрахидроканабинол со лекови кои делуваат на централниот нервен систем

Aleksandrov, Mihail and Koleva Gudeva, Liljana and Maksimova, Viktorija (2019) Интеракции на канабидиол и тетрахидроканабинол со лекови кои делуваат на централниот нервен систем. In: Конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2019, Stip, Macedonia.

[thumbnail of POSTER-Interakcii na CBD i THC so lekovi koi deluvaat na CNS-converted.pdf]
Preview
Text
POSTER-Interakcii na CBD i THC so lekovi koi deluvaat na CNS-converted.pdf

Download (4MB) | Preview
[thumbnail of Книга_на_апстракти_интеракции на кбд и тхц со лекови кои делуваат на ЦНС.pdf]
Preview
Text
Книга_на_апстракти_интеракции на кбд и тхц со лекови кои делуваат на ЦНС.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

За медицински цели се употребуваат следните видови на канабис: Cannabis sativaL., Cannabis indica L. и Cannabis ruderalis L. Овие растенија содржат околу 60 фитоканабиноиди. Канабидиолот (CBD) и тетрахидроканабинолот (THC) се активни фитоканабиноиди, идентификувани во канабисот. CBD учествува со 40% во екстрактот на самото растение, како непсихотропен фитоканабиноид. Потентна психоактивна компонента е тетрахидроканабинолот, главен психоактивен агенс, изолиран или синтетизиран и користен во медицински цели. Цел на истражувањето беше да се истражат интеракциите на канабидиолот и тетрахидроканабинолот со лековите кои делуваат на ЦНС.
Материјал и методи: Евалуација на клинички истражувања, базирани на луѓе, од базите на податоци PubMed® и MEDLINE®.
Во метаболизмот на ТНС и СВD се вклучени хепаталните ензими (цитохром Р-450 изоензимите). Одредени in vitro студии, покажуваат дека ТНС и СВD ги инхибираат CYP1А1, CYP1А2 и CYP1В1 ензимите. СВD е моќен инхибитор и на CYP2С1Р и CYP2D6 ензимите[3]. THC и CBD можат да пројават одредени фармакодинамски интеракции, вклучувајќи синергизам со лекови кои делуваат на ЦНС, на пример, зголемена седација со депресанти врз ЦНС (бензодиазепини, опоиди и фенобарбитал), во одредени in vivo студии. Како индуктор на CYP1А2 ензимот, ТНС може да ги намали серумските концентрации на клозапин, дулоксетин, напроксен, циклобензаприн, оланзапин, халоперидол и хлорпромазин. Бидејќи една четвртина од лековите се метаболизираат преку CYP3А4 ензимот, CBD може да ги зголеми серумските концентрации на бензодиазепините и халоперидолот. CYP2D6 ензимот метаболизира многу антидепресиви, па така, CBD ги зголемува серумските концентрации на SSIRs, трицикличните антидепресиви, антипсихотиците и опоидите.
ЗАКЛУЧОК: Овие сериозни интеракции налагаат дека препаратите од канабис треба да бидат ординирани и дозирани со голема претпазливост, притоа земајќи ги во предвид сите дополнителни лекови кои истовремено ги прима пациентот.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Uncontrolled Keywords: интеракции, фитоканабиноиди, ЦНС, цитохром Р-450.
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Mechanical Engineering
Depositing User: Liljana Koleva Gudeva
Date Deposited: 16 May 2019 08:59
Last Modified: 16 May 2019 08:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22030

Actions (login required)

View Item View Item