Nikolovska, Ljupka (2019) Лидерот како пример на однесување и фактор за подобрување на организациската култура. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
kompletna magistarska.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Денес е потребен нов начин на водење и управување на фирмите каде лидерот ги инспирира своите следбеници, да ја следат неговата визија и сите заедно да се посветени кон остварување на заедничката цел. Лидерот има посебна улога и функција во организацијата што му овозможува и поголемо влијание на останатите членови во организацијата.
Лидерот мора да претставува пример за вработените кои ги инспирира навремено и квалитетно да ги извршуваат поставените задачи и да даваат индивидуални иницијативи и да преземаат сопствени одговорности за ефикасно и ефективно работење.
Лидерот мора да се одликува со карактеристики како што се: личен интегритет, доверба од следбениците, креативност, тимска ориентација, благодарност кон другите, учење, одговорност, признавање и други. Тој преку конкретни лични примери и дела ја менува перцепцијата и очекувањата, а неговиот заразен ентузијазам е дополнителна мотивација за неговите следбеници да направат дополнителен исчекор за комплетирање на задачата.
Преку својот пример на однесување на начин што ќе иницира развивање на самодисциплина, самоиницијативност и самозалагање, лидерот ќе придонесе за подобрување на организациската култура и остварување на целите во организацијата.
Клучни зборови: лидерство, следбеници, промени, инспирација, креативност, самоиницијативност, учење, одговорност.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 06 May 2019 09:26 |
Last Modified: | 06 May 2019 09:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21978 |
Actions (login required)
View Item |