Petrovski, Mihajlo (2019) Карактеристики на оралното здравје кај старите лица. In: 8-ми научен симпозиум: „Мултидисциплинарен пристап во стоматолошката практика”, 06 Apr 2019, Stip.
Preview |
Text
презентација-за-сабота-Mихајло.pdf Download (669kB) | Preview |
Preview |
Text
Осми симпозиум.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Бројот на стари лица, како и насекаде во светот, така и во нашата земја покажува тенденција на негово зголемување. Оралното здравје на геријатриската популација е игнориран проблем и слабо истражено подрачје во медицината и
стоматологијата во целост насекаде во светот. Но , она што е познатоо е дека со напредувањето на возраста се појавуваат и посериозни стоматолошки проблеми.
Присутниот коморбидитет и мултитиморбидитет кај старите лица има влијание и на самото орално здравје, односно на бројот на присутни заби, оралната хигиена,застапеноста на кариесот и пародонталната болест, ограничените орални
функции, беззабноста и проблемите поврзани со носењето на тоталните и парцијалните протези, присуството на малигни и бенигни туморозни формации, сувата уста, но и на други орални состојби кои можат да предизвикаат болка или
дискомфорт во орофацијалната регија. Оралното здравје пак во голема мерка влијае на квалитетот на живот, и истото е условено од бројни фактори какви што се денталниот кариес и неговите компликации, нетретираните и неекстрахирани
забни корени, заболувањата на оралната лигавица и бројните орални инфекции,преканцерозните состојби и самите бенигни и малигни тумори, болката во темпоро-мандибуларниот зглоб, ксеростомијата и секако парцијалната или пак тоталната беззабност. Токму затоа оваа презентација е насочена кон презентација на најчестите стоматолошки промени кои се јавуват кај старите лица и можностите за третирање на истите, се со цел подобрување на оралното, но и на општото
здравје и квалитет на живот кај истите.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Mihajlo Petrovski |
Date Deposited: | 23 Apr 2019 12:22 |
Last Modified: | 23 Apr 2019 12:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21957 |
Actions (login required)
View Item |