Zarkova-Atanasova, Julija and Zlatanovska, Katerina and Kovacevska, Ivona and Popovska, Lidija and Korunoska Stevkovska, Vesna (2018) Спектрофотометриска проценка на разликите во бојата кај максиларните централни инцизиви кај пациенти од различен пол. In: 8th Congress of dentists from Macedonia with international participation “Behind the healthy smile - science and art”, 20-23 Sept 2018, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
Msdm2018.pdf Download (537kB) | Preview |
Preview |
Text
Trud JUlija MSD.pdf Download (90kB) | Preview |
Preview |
Text
Extracted pages from MSD.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Цел
Да ги одредиме разликите во бојата на забите помеѓу мажите и жените со спектрофотометриско мерење на бојата на централните максиларни инцизиви, како и влијанието на полот врз дистрибуцијата на бојата според три различни клучеви за избор на боја.
Материјал и метод
Бојата ја измеривме кај 250 пациенти на возраст од 18-69 години од кои 135 жени, a 115 мажи со спектрофотометар со оптичка геометрија 45/0° ShаdePilotТМ (Degu Dent, Germany). Поради критериумите за селекција од целокупниот број анализиравме 235 снимки. За да ја одредиме дистрибуцијата на бојата на забите ја избиравме најблиската нијанса измерена во средната третина на коронката според три различни клучеви Vita Classical, Ivoclar Chromascop, Vita 3D Master. Параметрите на бојата беа анализирани според CIE Lab системот. Статистичката обработка на податоците ја направивме со тестовите Pearson Chi-square и ANOVA/MANOVA Factorial Anova (F).
Резултати
Дистрибуцијата на нијансите помеѓу мажите и жените статистички значително се разликуваше кај трите клучеви. За Vita Classical p<0,01 (p=0,005), кај Ivoclar Chromascop p<0,001 (p=0,000) и Vita 3D Master p<0,001(p=0,000). Постои значајна разлика во светлоста на бојата L *(F=18,2 и p<0,001(p=0,000)). Жените имаат повисоки вредности за L* и тоа за 1,4 Delta L единици. Параметарот b* значајно се разликува помеѓу половите (F=37,79 p<0,001 (p=0,000)), мажите имаат значително повисоки вредности и тоа за 1,8 Delta b*единици.
Заклучок
Полот е значаен фактор кој треба да се земе во предвид при изборот на бојата на забите. Мажите имаат пожолти и потемни заби од жените според L*ab системот.
Клучни зборови: нијанси на забите, клучеви за избор на боја, инструментално мерење на бојата.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Julija Zarkova Atanasova |
Date Deposited: | 05 Jun 2019 09:14 |
Last Modified: | 05 Jun 2019 09:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21951 |
Actions (login required)
View Item |