Mitreva, Elizabeta (2019) Системи за квалитет и стандарди. Универзитет „Гоце Делчев", Факултет за туризам и бизнис логистика, Гевгелија, 2019, Штип. ISBN 978-608-244-605-9
Preview |
Text
repozitorium.pdf Download (939kB) | Preview |
Abstract
Целта и намената на ракописот е да ги подготви студентите да се здобијат со теоретски и практични знаења за улогата и значењето на квалитетот, како и за потребата од усвојување на голем број стандарди за да се биде конкурентен на пазарот. Во сублимирањето на трудот авторот се послужи и со голем материјал обезбеден како резултат на долгогодишната работа во оваа област, каде што имаше прилика да учествува во работата на бројни стручни и научни собири поврзани со бизнисот на претпријатијата и примената на стандардите за квалитет како предуслов за да се опстои на пазарот.
Стремежот на македонските компании треба да биде во правец на создавање услови за пласман на македонските производи со повисок квалитет на светските пазари. Тоа ќе се постигне преку реинженеринг на деловните процеси што ќе овозможи унапредување на квалитетот на производите, поголема конкурентност, поголема продуктивност, производство на производи со повисока фаза на преработка, намалување на трошоците и сл.
Апстрахирајќи се од чисто теоретски - историски пристап, авторот има за цел да даде компетентен научен осврт, но и свои согледувања а при тоа да не се изземат есенцијалните феномени и појави поврзани со тоталниот менаџмент на квалитет, со едноставна мотивација, да студентите и читателите со ограничен напор, ги осознаат овие феномени кои се во центарот на интересирањето како од теоретски така и од практичен аспект. Книгата може да послужи и на сите стручни кадри кои се вработени во бизнис секторот со цел подобрување на квалитетот на производите, деловните процеси и услугите кои ги нудат.
Ја изразувам мојата благодарност до рецензентите за нивните коментари и вредни предлози за подобрување на ракописот.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Elizabeta Mitreva |
Date Deposited: | 28 Feb 2019 08:25 |
Last Modified: | 28 Mar 2019 10:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21673 |
Actions (login required)
View Item |