Mustenikov, Borce (2019) Управување со човечките ресурси со осврт во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Магистерски труд ,,Управување со човечките ресурси со осврт во МВР, Борче Мустеников.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Управувањето со човечките ресурси како научна дисциплина се изразува преку процесот на привлекување, развивање и одржување на кадрите, а со цел да се обезбедат поефективни и поефикасни кадри. Техниката може да се купи, капиталот може да се земе од финансиските институции, идеите доаѓаат од пазарот, но луѓето се тој елемент од организацијата којшто не може да се управува со власт и со пари. Денес во модерниот свет сè повеќе недостасуваат квалитетни кадри, дури и најдобрите училишта и универзитети не можат да оспособат кадри кои можат веднaш да се вклучат во процесите на работа во организациите, бидејќи современите работни места бараат специфична компетентност. Конкуренцијата на пазарот на труд е огромна и веќе најдобрите кандидати сами си ја избираат работата и работодавците, а не обратно. Затоа правилниот избор на кадри е од големо значење. Создавањето на квалитетни кадри не е така лесна и едноставна работа. Кога се работи за кадри во МВР да се изгради една индивидуа во врвен професионалец со сите потребни компетенции потребна е едукација, да се вложи многу време, средства, труд, бидејќи преку ноќ не може да се создаде таков кадар. Треба да се има во предвид фактот дека преку процесот на планирање, како дел од управувањето со човечките ресурси, мора стратешки да се предвиди колку кадри по разни основи (старосна пензија, смрт, доброволно заминување или отпуштање од работа и сл.) ќе го напуштат МВР и тоа за неколку години однапред, плански, со цел да не дојде до недостиг од кадри, бидејќи како што е претходно појаснето, кадар во МВР не се создава за еден, два или за само неколку месеци, туку, напротив, потребно е планирање неколку години наназад со цел овие кадри да се едуцираат и да ја совладаат теоретската и практичната настава - обука и да се стекнат со доволно искуство за извршување на задачите. Клучни зборови: полициски службеник, интервју, менторство, обука, вработување, кандидат.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 21 Feb 2019 11:23 |
Last Modified: | 28 Mar 2019 10:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21604 |
Actions (login required)
View Item |