Kolevska, Katerina and Atanasova, Marija and Cocevska, Maja and Velickovska, Maja and Angelovska, Bistra and Janevik-Ivanovska, Emilija (2018) Економско влијание на фармакогенетските тестирања врз фармакотерапискиот пристап. Farmacevtski informator (50). pp. 40-45. ISSN 1409-8784
Preview |
Text
Фармацевтски информатор - Економско влијание на фармакогенетски тестирања .pdf Download (6MB) | Preview |
Text
index.html - Published Version Download (69kB) |
Abstract
Согласно ICH Topic E15, фармакогеномиката (анг. pharmacogenomics - PGx) се дефинира како студија на варијации на карактеристиките на ДНК и РНК што се поврзани со одговорот на лекот, а фармакогенетиката (pharmacogenetics – PGt) претставува подгрупа на фармакогеномиката и се дефинира како студија на варијации во ДНК секвенцата поврзани со одговорот на лекот. Двата термини, фармакогенетика и фармакогеномика, често се користат наизменично.Кратенката PGx честопати се користи однесувајќи се и на фармакогенетиката и на фармакогеномиката.
Целта на фармакогеномското истражување е да се идентификуваат робусните генетски показатели на одговорот на лекот што може да биде искористено во клиничката пракса за да се идентификуваат пациентите со ризик од појава на несакани реакции на лекови, оние кои не можат да имаат корист од лековите и оние коишто имаат потреба од алтернативна фармакотерапија. Крајната цел е да се прилагодат лековите на поединци или групи пациенти кои ќе извлечат максимум полза од лекот и ќе имаат намален ризик од токсичност на лековите, со што ќе се максимизира односот на корист-ризик од лековите. Овој концепт еволуирал во индивидуализирана медицина (персонализирана медицина), нова медицинска практика што го користи генетскиот профил на поединецот (или други негенетски показатели) за насочување на одлуките донесени во врска со превенцијата, дијагностиката и лекувањето на болеста. Постојат многу студии за генетски фактори кои го одредуваат одговорот на лекот, но повеќето или имаат дадено негативни резултати или позитивни резултати кои не може да се повторат во наредните студии. Меѓутоа, постојат неколку важни наоди на генетските фактори во различни клинички области, коишто го имаат подобрено знаењето за механизмите на дејство на лековите, вклучително и токсичноста, за која се препорачува тестирање пред да се отпочне со лекувањето
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Emilija Janevik |
Date Deposited: | 06 Feb 2019 08:11 |
Last Modified: | 01 Apr 2019 12:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21515 |
Actions (login required)
View Item |