Todorovska, Irena (2019) Улoгата на медицинската сестра вo едукацијата на пациентите и спроведувањето на поливалентната патронажа во општините Пехчево и Берово. Other thesis, Goce Delcev Univesrity Stip.
Preview |
Text
Специјалистички труд.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
За потребите на ова истражување се користени извештаи од службите за поливалентна патронажа во општините Берово и Пехчево. Истражувањето содржи податоци за периодот од јануари 2013 до декември 2017. Резултатите се базираат на пополнети образци од страна на стручните лица од патронажните служби при Здравствените домови од двете општини. Според податоците од спроведеното истражување најголем ангажман имала медицинската сестра при посета на родилки и леунки, односно новороденчиња и доенчиња. Давани се совети кои се однесуваат на правилна нега и исхрана во доенечкиот период и евидентирано е дека исходот од истото е во зависност од степенот на образование и социоекономската положба на семејството. Спроведувани се различни интервенции, од кои во најголем дел се интервециите кои се однесуваатна правилно доење, капење на новороденчето, нега на папокот, запознавање со календарот на имунизација и општа нега на мајката и детето. Од останати посети најголемиот дел се однесуваат на посети кај хронични болни при што е мерен крвен притисок, гликемија, правени се преврски, совети за превенција на декубитус и апликација на ампуларна терапија. По согледаните резултати од спроведеното истражување евидентно е дека улогата на медицинската сестра во едукацијата на пациентите е од големо значење. Нејзиното влијание е во превенцијата, третманот и конечниот исход на болеста. Земајќи ја во предвид оддалеченоста на општините во кои е правено истражувањето од поголемите медицински центри, дополнително ја зголемува важноста и влијанието на патронажната медицинска сестра. Таа во повеќето случаи е единствената алка која го поврзува пациентот со здравствениот систем и има клучна улога во целокупниот третман на истиот. Токму од овие
4
причини многу е важно патронажната медицинска сестра освен примарната медицинска едукација да биде дополнително едуцирана и во тек со сите новини и техники во соодветната област. Со посета на семинари,работилници, обуки ќе биде надополнето нејзиното знаење и стручно усовршување. Во Општините Берово и Пехчево има два тима со пет патронажни медицински сестри и се во служба на население од 15 000 жители. Иако обемот на работа на патронажната медицинска сестра е голем, земајќи го во предвид трендот на депопулација на населението во овој регион, моменталниот број на здравствени работници вклучени во патронажните тимови при Здравствените домови во Берово и Пехчево ги задоволуваат потребите на локалното население.
Поливалентната патронажна служба допира до секој поединец, до секое семејство обезбедувајќи увид за целокупниот здравствен статус на населението. Со поливалентната патронажна служба треба да раководи главна патронажна сестра, специјализирана од областа на патронажата и семејната медицина, која покрај другото треба да има добро познавање од семејната медицина,здравственото воспитување, психологијата, педагогијата и социологијата. Исто така оваа сестра треба да го има добро совладано методолошкиот пристап кон луѓето.
Целта на овој труд е да се аргументира улогата на медицинската сестра во едукацијата на пациентите, начинот и превенцијата на одредени заболувања и нејзиното значење во спроведувањето на поливалентната патронажа во Општините Берово и Пехчево.
Истражувањето е ретроспективно и опфаќа период од пет календарски години (2013-2018) во Општините Берово и Пехчево. Анализирани се интревенциите кои се спроведуваат на терен, бројот на третирани пациенти по возраст и пол, здравствено-социјалните проблеми кои се откриени за прв пат, број на посети кај болен според групите на заболувања и вреднувањето на здравствено-воспитната дејност во локалната заедница. За анализа на податоците е употребена дескриптивна статистика со средна вредност и процент на застапеност.
5
Во ова истражување ќе се употреби квалитативен и квантитативен пристап, односно комбинирана истражувачка стратегија. Методологијата која ќе се користи во текот на истражувањето ќе биде базирана спрема предметот и целите, а методите ќе се комбинираат во зависност од елементот што се истажува.
Резултатите се базираат на пополнети образци од страна на стручните лица од патронажните служби при Здравствените домови од двете општини.
Од спроведените патронажни посети на терен се евидентира дека речиси и нема подрачје кое не би можело да се вклучи на некој начин во подигање на знаењето за зачувувањето на здравјето, за рано откривање на болестите, усвојување на навики за поздраво живеење и грижа за работната и останатата околина. Потребно е да се отвараат можности и за вклучување на сите кои што можат да допринесат за квалитетна организација на здравствениот систем.
Грижата за семејството е во централниот фокус на сестринството. Современиот тренд на функционирање на семејствата ја насочуваат негата да биде болнички ориентирана и специјализирана, со што овој семеен фокус губи на значење. Со враќање на домашната нега e зголемено разбирањето на значењето на семејните врски за здравјето и болеста. Повторно е нагласено значењето на негата во чиј фокус е семејството.
Клучни зборови: улога, медицинска сестра, поливалентна патронажа, едукација,пациент
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 05 Feb 2019 08:59 |
Last Modified: | 01 Apr 2019 10:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21404 |
Actions (login required)
View Item |