Majhosev, Andon (2018) Медиумско право. ISBN ISBN 978-608-244-498-7.
Preview |
Text
Mедиумско права-Media Law.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Предговор
Учебникот што е пред Вас е подготвен како основен наставен материјал за предметот Медиумско право за студентите на Правниот факултет во Штип, Струмица и студентите на студиската програма Новинарство и односи со јавноставо Штип и Скопје. Освен за студентите, текстот може да биде од голема корист и на новинарите кои работат во медиумите за прашања кои се поврзани со меѓународните стандарди и националната регулатива за медиумите, со кои новинарите секојдневно се среќаваат во својата професија. Истовремено, книгата е и водич за оние кои работат во медиумите, невладиниот сектор и други професии кои активно се вклучени во развојот на демократските вредности на општеството.Целта на наставните содржини е студентите да стекнат основно познавање на медиумската и аудиовизуелната политика во Европа и на меѓународните стандарди во медиумската сфера кои се имплементирани во националното законодавство.
Учебникот ги опфаќа најважните тематски области предвидени во програмата на предметот. Медиумското право во една држава не може да се разбере без соодветна анализа и ставање во контекст на европската легислатива и практика и развојот на институциите во континетални рамки. Затоа, градењето на една демократско општество подразбира и обврска за ефикасно функционирање на медиумските институции. Целта на наставните содржини е студентите да стекнат солидно познавање на медиумската и аудиовизуелната правна регулатива во Европа и на меѓународните стандарди во медиумската област, кои пак, се имплементирани во националното законодавство на Република Македонија.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Andon Majhosev |
Date Deposited: | 05 Feb 2019 08:57 |
Last Modified: | 05 Feb 2019 08:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21393 |
Actions (login required)
View Item |