Todorova, Biljana and Radulovik, Makedonka (2018) Омбудсманот и правата на детето во Република Македонија. Годишен зборник на Правен факултет (8). pp. 137-146. ISSN 1857 – 8713
Preview |
Text
Zbornik PF 2018 Todorova, Radulovik.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во трудот се прави компаративна анализа на состојбите, констатациите и препораките што ги утврдил Народниот правобранител на Република Македонија во однос на правата на детето за 2016 и 2017 година. Споредбените сознанија се однесуваат на правата на детето во семејството, на насилството врз децата, на правата на децата кои припаѓаат на ранливи и маргинализирани групи, односно деца кои се бегалци / мигранти, потоа на прашањата од областите здравствена заштита и образование на најмладиот дел од населението, како и на правата на децата со посебни потреби.
Појдовна основа на елаборацијата се уставните и законските надлежности на омбудсманот на Република Македонија и уставната и законската заштита на правата на децата во нашата земја.
Оправданоста од подготовка на ваква анализа може да се пронајде во фактот што многу често во јавноста (медиумите, социјалните мрежи, дебатите) како заштитници на правата на детето се појавуваат граѓански, невладини организации, а поретко се присутни наоди во оваа област од страна на Народниот правобранител на Република Македонија.
Клучни зборови: човекови права, правна заштита, народен правобранител, мерки на омбудсманот, насилство врз деца, уставни и законски надлежности.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Biljana Todorova |
Date Deposited: | 01 Feb 2019 10:12 |
Last Modified: | 20 Aug 2019 12:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21257 |
Actions (login required)
View Item |