Механизам на дејство и карактеристики на одредени антисептици и дезинфициенси во корелација со нивната активност врз селектирани микроорганизми

Gjorgjeska, Biljana and Karpicarov, Dino (2018) Механизам на дејство и карактеристики на одредени антисептици и дезинфициенси во корелација со нивната активност врз селектирани микроорганизми. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 28 (2). pp. 423-428. ISSN 2545-4439

[thumbnail of Mehanizam na dejstvo i karakteristiki na odredeni antiseptici i dezinficienci vo korelacija so nivnata aktivnost vrz selektirani mikroorganizmi.pdf]
Preview
Text
Mehanizam na dejstvo i karakteristiki na odredeni antiseptici i dezinficienci vo korelacija so nivnata aktivnost vrz selektirani mikroorganizmi.pdf

Download (5MB) | Preview
[thumbnail of FINAL PROGRAM_BANSKO 2018.pdf]
Preview
Text
FINAL PROGRAM_BANSKO 2018.pdf

Download (365kB) | Preview

Abstract

Антисептиците и дезинфициенсите претставуваат голема група на соединенија во која се вбројуваат: алкохоли, алдехиди, кисели и базни соединенија, анилиди, бигваниди, диамидини, халогениди, тешки метали и нивни соединенија, пероксиди, феноли, бис–феноли, халофеноли, кватернерни амониумови соединенија и испарливи соединенија за стерилизација. Со заедничко име, антисептиците и дезинфициенсите се означуваат како биоциди, кои пак, претставуваат соединенија со способност директно да ги уништуваат микроорганизмите или да инхибираат нивен раст, развој и репродукција. Вообичаено, биоцидите кои го инхибираат растот на микроорганизмите ја добиваат наставката „–статик“, а биоцидите кои директно ги уништуваат микроорганизмите ја добиваат наставката „–цид“. Овие хемиски соединенија манифестираат различно дејство во зависност од концентрацијата во која се применуваат. Главната разлика помеѓу антисептиците и дезинфициенсите е местото на апликација. Како такви, антисептиците ги отстрануваат микроорганизмите (бактерии, габи, вируси, паразити со различен степен на патогеност и вирулентност) кога ќе бидат администрирани на живи ткива, за разлика од дезинфициенсите кои ги отстрануваат микроорганизмите од различни објекти, опрема или пак, ги отстрануваат патогените од непосредната околина. Механизмот на дејство на антисептиците и дезинфициенсите се должи на нивна интеракција со површината на клетката од микроорганизмот, при што, истите пенетрираат во интрацелуларниот простор каде ги напаѓаат есенцијалните клеточни компоненти. Како резултат на тоа, антисептиците и дезинфициенсите се интегрален дел од практиките за контрола и превенција на појавата на интрахоспитални инфекции. Еден од најголемите проблеми со кои се соочува модерната медицина е појавата на интрахоспитални (болнички, нозокомијални) инфекции. Станува збор за локализирани или генерализирани инфекции предизвикани од микроорганизми во периодот на хоспитализација. Поконкретно, интрахоспитални се оние инфекции за кои не постои доказ дека се јавиле или пак, настанал период на инкубација на инфекцијата при болничкиот прием. Овие инфекции може да се јават поради неправилна употреба на антисептиците и дезинфициенсите. За да се употребуваат во болнички услови, антисептиците и дезинфициенсите треба да исполнуваат неколку критериуми: да бидат лесни за употреба, да не бидат испарливи, да не манифестираат штетен ефект врз опремата, вработените во болницата и пациентите, да не поседуваат непријатен мирис и да манифестираат ефикасност за релативно краток временски интервал.
Целите на овој труд е да се претстават најчестите микроорганизми кои предизвикуваат појава на интрахоспитални инфекции; да се претстават карактеристиките и механизмите на дејство на најчесто употребуваните антисептици и дезинфициенси во болнички услови; да се дадат насоки во поглед на тоа кој антисептик, односно дезинфициенс, би бил најсоодветен за употреба против микроорганизмот, кој се јавува во функција на причинител на интрахоспиталната инфекција. Воспоставувањето на ваков пристап е круцијално бидејќи е неопходно да се знае кој антисептик, односно дезинфициенс има најголема активност спрема микроорганизмот предизвикувач на интрахоспиталната (нозокомијалната) инфекција. Како резултат на тоа, инциденцата на овој тип инфекции ќе биде значително намалена.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Natural sciences > Chemical sciences
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Biljana Gorgeska
Date Deposited: 01 Feb 2019 10:06
Last Modified: 07 May 2019 10:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21234

Actions (login required)

View Item View Item