Dimova, Violeta and Daskalovska, Nina and Kuzmanovska, Dragana and Karanikolova-Cocorovska, Lusi and Mladenoski, Ranko and Leontik, Marija and Celik, Mahmut and Marolova, Darinka and Koceva, Vesna and Kirova, Snezana and Ivanova, Biljana and Todorova, Marija and Ulanska, Tatjana and Tasevska, Marica and Grkova, Marija and Jakimovska, Svetlana and Velinova, Eva and Vitanova-Ringaceva, Ana and Negrievska, Nadica and Karanikikj Josimovska, Jovana and Sarafova, Natasa and Kostova, Kristina (2018) Eвалуација на наставата по јазик и книжевност во високото образование. [Project] (Submitted)
Preview |
Text
Poster i dokumenti Proekt Dimova 2018.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
Prezentacija Proekt Dimova 2018.pdf Download (543kB) | Preview |
Abstract
Предмет на истражување на овој Проект се можностите за евалуација на наставниот процес во високото образование, во наставата по јазик и книжевност. Ќе се истражуваат различни видови евалуациски постапки, со цел да се утврди остварливоста на целите и задачите на наставата и учењето, кои се трансформираат во квалитативни и квантитативни промени во развојот на студентите. Евалуацијата ќе се одвива и во самиот процес на учењето, како и на крајот, како завршна фаза во процесот на наставата, односно ќе се спроведе формативно и сумативно оценување на постигнувањата и на студентите и на нивните наставници. Наставниците го евалуираат наставниот процес за да го определат нивото на успешност на својата наставна пракса и да ги споредат своите наставнички вештини со вештините на своите колеги. Со евалуација на наставата се следи и процесот на реализација на новите курсеви по одделни студиски програми, а од студентите се добиваат непосредни информации за тоа што навистина мислат за самиот курс. Повратните информации за наставниот процес ќе се добиваат со собирање податоци од страна на студентите и колегите наставници, а евалуацијата ќе се спроведува со помош на евалуациски ливчиња, анкети, структурирана групна дебата или по пат на e-mail прашалник. Проектот ќе биде спроведен со студентите на Филолошкиот факултет од втора, трета и четврта година на студии, како и дел од професорите што предаваат на овие студенти, и тоа не само задолжителни, туку и изборни предмети и курсеви.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Violeta Dimova |
Date Deposited: | 01 Feb 2019 08:11 |
Last Modified: | 04 Dec 2019 09:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21216 |
Actions (login required)
View Item |