Lazarov, Darko (2018) Бизнис економија: селектирани микроекономски теории и концепти - скрипта. University Goce Delcev, Stip. ISBN 978-608-244-590-8
Preview |
Text
SKRIPTA-BIZNIS EKONOMIJА.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Економистите и луѓето во реалниот бизнис секојдневно се соочуваат со голем број на предизвици за донесување на различни одлуки во работењето како менаџери или сопственици на своите фирми, одлуки кои се однесуваат на оптимизација на производството, минимизација на трошоците, ефикасно управување со финансиите, ефикасно менаџирање со обратните средства, лансирање и комерцијализација на нови производи на пазарот, реализирање на нови инвестициски проекти, градење на стратегија за настап на странски пазари и слично.
Процесот на донесување на сите тие одлуки станува се потежок и помалку предвидлив како што деловното бизнис опкружување станува се покомплексно. Оттука, познавањето на специфичностите на бизнис економијата како микроекономска диспциплина претставува корисна основа во донесување на ефикасни бизнис одлуки. Имено, техниките и алатките кои се користат во бизнис економијата овозможуваат подобро разбирање на пазарот и можност за прецизно предвидување на идните бизнис услови на пазарот потребни за прилагодување на бизнис стратегиите. Дополнително, микроекономските модели кои се развиени во рамките на теоријата на фирми овозможуваат да оптимизација на производството и минимизација на трошоците како базична основа за остварување на главната
Овој труд претставува една корисна основа за студентите на Економски факултет при УГД кои ги слушаат предметите Основи на економија и Микроекономија на редовни студии да се стекнат со адекватни знаења кои ќе им користи да ги разберат основните принципи на бизнис економијата; специфичностите на пазарот во насока на ефикасно носење на бизнис одлуки и корпоративни стратегии со цел најдобро пазарно позиционирање; основните концепти на теоријата на фирми, начините на водење бизнис во различни пазарни услови и проблемите со кои се соочуваат менаџерите во водењето на бизнисот; специфичностите на производството и производните процеси од една страна, и трошоците кои произлегуваат од тие процеси со цел оптимизација на производството и минимизирање на трошоците.
За таа цел, во рамките на трудот се користени математички техники (формули и равенки), графички презентации и табеларни прикази кои се основа за разбирање на презентираните теории и модели во една формат кој ќе има апликативна-практична димензија за самите студенти. Користени се многу студии на случај и практични проблеми од бизнисот со цел да им се доловат на студентите базичните микроекономски концепти преку една практична димензија. Имено, главната идеја на трудот е да им понуди знаење на студентите кое ќе биде корисни и практично применливо во реални бизнис и економски ситуации. Еден дел од студиите на случај, примери и практичните проблеми се преземени од веќе постоечки учебници, книги и прирачници, при што, дел од нив се се прилагодени за потребите на овој учебник. Другиот дел од практичните примери се креирани од авторот со повикување на оригинални или креирани податоци и примери за некои компании кои не секогаш се базирани на реални податоци.
Не помалку важно, ова учебно помагало ќе им овозможи на студентите полесно да ги совладаат тематските единици поврзани со предметот Економија и да стекнат основа која ќе им помогне во соовладање на останатите економски дисциплини во текот на своето студирање.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Darko Lazarov |
Date Deposited: | 01 Feb 2019 08:11 |
Last Modified: | 01 Feb 2019 08:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21214 |
Actions (login required)
View Item |