Гравиметриски истражувања на наоѓалишта на нафта и јаглен

Doneva, Blagica and Dimov, Gorgi and Delipetrev, Marjan (2018) Гравиметриски истражувања на наоѓалишта на нафта и јаглен. Natural resources and technologies, 12 (12). pp. 37-43. ISSN 185-6966

[thumbnail of trud Blagica.pdf]
Preview
Text
trud Blagica.pdf

Download (692kB) | Preview

Abstract

Резултатите од гравиметриските истражувања имаат огромен придонес во правецот на проучување на регионалните проблеми, посебно при детерминирање на тектонската градба на истражуваниот простор, во процесот на барање на сите типови минерални суровини, вклучувајќи го самиот процес на разработка на рудното наоѓалиште.
Современите испитувања со помош на гравиметри со кои мерењата можат да се изведуваат и во дупчотините, условно можат да се применат и за одредување на порозноста на колекторот на јаглеводородите.
Треба да се има предвид дека секоја аномалија на силата на тежата е сума на гравитационите влијанија на сите суфицити и дефицити на маса, кои со своето присуство го менуваат нормалното гравитационо поле на Земјата на местото на мерење. Споменатиот факт имплицира дека на гравиметриската карта се манифестираат сите присутни влијанија.
Успешната примена на гравиметриските методи зависи од следните значајни фактори:
- Разликата во волуменската маса (густина) на геолошкиот објект кој се проучува;
- Длабочина на која се наоѓа проучуваниот објект и интензитетот на максималниот ефект кој може при тие услови да се предизвика;
- Големината на површината на која аномалијата, што е предизвикана од истражуваниот објект, е 3 до 5 пати поголема од редот на точноста на мерниот инструмент;
- Чувствителноста на гравиметарот што се користи;
- Присуството на сите типови можни пречки кои можат да бидат присутни на целокупниот простор на испитување, вклучувајќи го влијанието на масите на релјефот и деформациите предизвикани од антропогеното делување.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Blagica Doneva
Date Deposited: 14 Jan 2019 13:02
Last Modified: 14 Jan 2019 13:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21062

Actions (login required)

View Item View Item