Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Koleva, Blagica (2018) Управување со готовинските текови на компанијата. Годишен зборник, Економски факултет. ISSN 1857-7628
Full text not available from this repository.Abstract
Управувањето со паричните текови е традиционална улога на финансискиот менаџмент на компанијата. Тоа е процес на менаџирање на паричните приливи и одливи на компанијата, како и интерните трансфери на средства во рамки на група. Со развојот на информациските системи оваа функција е најчесто автоматизирана. Како резултат на ова, финансискиот менаџмент на компанијата го дизајнира или избира моделот на управување со готовината, а потоа само врши надзор над секојдневните операции.
Сепак, треба внимателно да се разгледа основниот механизам на функцијата на управување со готовинските текови, за да се разбере релевантноста и влијанието на различните опции. Овој труд ги објаснува основните концепти за управување со готовинскиот тек, како и главните алатки кои ги користи. Овие фактори се заеднички за малите и за мултинационалните компании.
Клучни зборови: готовина, тек, управување, модели
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Olivera Trajkovska |
Date Deposited: | 13 Dec 2018 09:23 |
Last Modified: | 13 Dec 2018 09:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20962 |
Actions (login required)
View Item |