Zisovska, Elizabeta and Kalcev, Goce and Dauti, Dritan and Besliev, Simon and Gacova, Visna and Dzateva Mitrevska, Katerina (2018) Социјално-економскиот статус и перинаталниот исход. Зборник на трудови „Социјални детерминанти и здравјето на населението”, 2 (1). pp. 5-17.
Preview |
Text
Zbornik na trudovi - Regionalna konferencija, Socijalnite detrrminanti i zdravjeto na naselenieto, 2018, Vol 2, No(1)-pages-1-5.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
Zisovska-Socijalni determinanti i perinatalno zdravje.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во светот документирано е дека социјалната, културелната, политичката, опшествената и економската средина во којашто живеат пациентите има директно влијание врз нивното здравје. Иако во Македонија има многу висока стапка на перинатален морталитет, во државата сеуште нема прецизни податоци колкаво е влијанието на социјалните детерминанти врз лошиот перинатален исход.
Целта на ова истражување за влијанието на социјалните детерминанти беше да се направи преглед на литературата на оваа тема преку една систематична анализа, да се одреди релативниот ризик за неповолен перинатален исход за најчестите социјални детерминанти и да се сугерираат препораки за подобрување на перинаталниот исход.
За таа цел се направи систематична анализа на сите достапни документи, се одредија социјалните детерминанти од интерес и се пресмета релативниот ризик, после што се направи ранг листа на највлијателните социјални детерминанти кои доведуваат до неповолен исход. Социјални детерминанти од интерес беа: возраст на мајката, паритет, образование, состојба со вработување, место на живеење, антенатална контрола. Како највлијателен фактор на ризик е лошата антенатална контрола, мултипаритетот, и лошата социоекономска состојба изразена преку невработеност.
Во заклучок би се дале неколку препораки, од кои дел можат да с еимплементираат на локално ниво, но за голем дел е потребна национална програма со која ќе се надминат некои нееднаквости во интерес на подобрување на перинаталното здравје.
Клучни зборови: новородено, перинатален период, социјална детерминанта
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Elizabeta Zisovska |
Date Deposited: | 20 Nov 2018 13:11 |
Last Modified: | 20 Nov 2018 13:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20843 |
Actions (login required)
View Item |