Медиумите наспроти претпријатијата - Улога во креирањето на промотивната порака и медиа планот

Marjanova Jovanov, Tamara and Temjanovski, Riste (2012) Медиумите наспроти претпријатијата - Улога во креирањето на промотивната порака и медиа планот. Зборник на трудови, „Улогата на медиумите во промовирањето на производите и услугите“. ISSN 978-608-4691-01-3

Warning
There is a more recent version of this item available.
[thumbnail of Final paper - 2.pdf] Text
Final paper - 2.pdf

Download (293kB)

Abstract

Пренесување на соодветна, навремена порака до целната публика е еден од клучните елементи во процесот на комуницирање со крајниот потрошувач. Промотивната стратегија на претпријатијата треба да биде креирана од стручен тим кој ги познава целните потрошувачи, визијата, мисијата и портфолиото на претпријатието, како и целта која треба да биде остварена со промотивната порака која ќе се претстави пред потрошувачите. Оттука произлегува значењето на правилниот пристап во креирањето на промотивната порака, осбено во смисол на нејзино шифрирање, избор на средството со кое ќе се пренесува, како и избор медиумот и медиа планот, односно временскиот аспект на емитувањето на пораката. Честа пракса во нашите ппретпријатија е оваа проблематика или да се остави целосно на реализација на самиот медиум или пак, истата да биде креирана од самиот сопственик или вработени кои ги немаат содветните познавања неопходни за успешна реализација на промовирањето, што резултира во оскудни пораки, со несоодветни елементи во содржината и сосема погрешно промовирани, набљудувано низ призмата на крајниот потрошувач. Трудот го анализира работењето на македонските претпријатија и медиумите од аспект на нивната поединечна инволвираност во создавањето на рекламните пораки и изработката на медиа планот за рекламирање, врз основа на лично интервју спроведено во претпријатијата и дел од македонските медиуми. Во склоп на анализата се посочуваат и предлози кои можат да помогнат во минимизирање или целосно отстранување на ваквите и слични проблеми.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 26 Nov 2012 10:49
Last Modified: 26 Nov 2012 10:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2078

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item