Aleksandrov, Mihail and Maksimova, Viktorija (2018) Оправданост на употребата на хербални препрати од Valeriana officinalis L., во третман на анксиозност и несоница. Фармацевтски информатор (48). pp. 54-57. ISSN 1409-8784
Text
index.html_fbclid=IwAR3BH_N6jGxrtahIPyLtE_ms2J-1Fo8mtLI6X2zW2p0WsvVM7j4UaeHmSzM Download (70kB) |
Abstract
Според последното истражување на Институтот за јавно здравје, објавено во 2017 година во Република Македонија, дури 32,5 отсто од испитаниците пријавиле дека во изминатата година земале таблети за смирување, а притоа тука како „најактивни“ се произнесле најстарите меѓу испитаниците. Податоците и сознанијата од оваа студија претставуваат солидна основа за креирање на нови здравствени политики во иднина со цел за превенција на редовната употреба и злоупотреба на седативите. Притоа, промоцијата на хербалните препарати за третман на несоница и анксиозност како лек од избор може да помогне во насока на спроведување на оваа политика. Нагласувањето на несаканите ефекти на седативните лекови и можноста за подолготрајна употреба на хербалните препарати со слично дејство особено треба да се истакне во комуникацијата меѓу фармацевтот и пациентите. Овој краток преглед на клинички студии поврзани со ефикасноста и безбедноста на екстрактот од маче трева укажува на тоа дека неговата употреба во третман на анксиозност и несоница е целосно оправдана. Притоа користењето на ваквите препарати треба да биде промовирано со цел да се придонесе за да се намалат штетите по здравјето на индивидуата, семејството и општеството од моменталното ризично и неоправдано користење на седативите.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Viktorija Maksimova |
Date Deposited: | 19 Nov 2018 11:44 |
Last Modified: | 19 Nov 2018 11:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20739 |
Actions (login required)
View Item |