Golakov, Kostadin (2011) Видови на превод. Годишен зборник 2011 - Филолошки факултет, УГД - Штип. pp. 247-253. ISSN 1857-7059
Text
Костадин Голаков - Зборник 2010.pdf Download (292kB) |
Abstract
Еден од проблемите со кои се соочува еден преведувач во својата кариера е и неможноста за соодветна подготовка за процесот на преведување. Проблемот може да биде од субјективна природа, т.е. преведувачот да не може да препознае за каков превод станува збор, односно со кои потешкотии би можел да се сретне во текот на чинот на преведувањето. Во трудов е даден начинот на типологизација на преводите според односот на видот на јазикот на преводот и јазикот на оригиналот, според природата на субјектот на преведувачката дејност и неговиот однос кон авторот на преведуваниот текст, според преведувачката сегментација и начинот на обработка на преведуваниот материјал, според формата на презентацијата на текстот на преводот и текстот на оригиналот, според природата на согласувањето на текстот на преводот со текстот на оригиналот, според жанровско-стилските особености и жанровската припадност на преведуваниот материјал, според целосноста и видот на пренесување на смисловата содржина на оригиналот, според основните функции, според првичноста на текстот на оригиналот, според адекватноста, како и видовите на превод согласно оваа типологизација. Овој труд може да најде примена во преведувачката пракса на тековните преведувачи, како и во школската подготовка на идните преведувачи.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Kostadin Golakov |
Date Deposited: | 26 Nov 2012 08:59 |
Last Modified: | 26 Nov 2012 08:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2072 |
Actions (login required)
View Item |