Jancev, Mitko and Boev, Ivan and Stojanovska, Zdenka and Boev, Blazo (2018) Природна радиоактивност во депонии на фосфорен гипс во хемиската индустрија Велес, Република Македонија. Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата? - Книга на апстракти. pp. 56-58.
Preview |
Text
Prirodna radioakt..pdf Download (970kB) | Preview |
Abstract
Производството на фосфорна киселина од природни фосфатни карпи го зголемува индустрискиот отпад наречен фосфорен гипс. Фосфорниот гипс содржи значително количество радионуклиди од серијата 238U, поради нивната висока концентрација во фосфатните руди. За време на активностите на Хемиската индустрија Велес, во периодот од 1979 до 2003 година, складирани се 3,7 милиони тони фосфорен гипс во депонија. Таа се наоѓа на околу 1,5 km југозападно од комплексот на фабриката, во долина помеѓу ридови, на територија од 70,000 m². Со цел да се изврши радиолошка карактеризација на депонијата, се зедоа пет примероци на фосфорен гипс и се испратија на анализа во Activation laboratories во Канада. Вкупните алфа- и бета-активности се мереа со пропорционален систем на броење; специфичните активности на 40K, 232Th и 238U се мереа со гамаспектометрија, а производите од распадот на серијата 232Th and 238U се анализираа радиохемиски. Вкупните алфа-специфични активности варираат помеѓу 820 Bq/kg и 1090 Bq/kg, со просек од 950±104 Bq/kg, додека вкупните бета-специфични активности се со ранг од 1380 Bq/kg до 1980 Bq/kg, со просек од 1694±220 Bq/kg. Сите вредности на вкупните алфа- и бета-специфични активности индицираат зголемена радиоактивност. Понатамошната анализа на радионуклидите, исто така, го потврдува овој факт. Гама-спектометриската и радиохемиската анализа покажуваат дека зголемената активност доведува до формирање на радионуклиди од серијата 232Th и 40K, кои се под лимитот за детекција. Овие специфични активности ± вредности на стандардна девијација, со опсег во загради на 238U, 2226Ra, 214Pb и 214Bi во Bq/kg е 360±55 (300-400), 280±84 (300-400), 350±45 (300-400) и 380±45 (300-400), соодветно. Надворешниот и внатрешниот радиолошки ризик исто така беше пресметан. Земајќи ја предвид надворешната зафатнина од 0,2 фактор годишно и 0,7 Sv Gy-1 фактор на конверзија од дозата апсорбирана во воздухот до ефективната доза што ја прима возрасно лице, се доби средна вредност од 0,25 mSv/y, која е под лимитот од 1 mSv/y за јавноста (1). Се пресмета и внатрешниот ризик (2,3) во случај на употреба на фосфорен гипс како градежен материјал. Пресметаните алфа (Iα = 1,4) и бета (Iβ = 1,3) индекси се над 1, што е ниво за безбедно користење.
Резултатите добиени од оваа студија покажуваат дека радионуклидите, и покрај тоа што се присутни со висока концентрација во фосфорниот гипс, не покажуваат значителни надворешни дози за јавноста, додека, доколку се користи фосфорен гипс како градежен материјал, може да се зголеми внатрешната изложеност. Се препорачува понатамошно испитување на ефектот на депонијата на животната средина.
Item Type: | Article |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | фосфорен гипс, радиоактивност, серија 238U |
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Biljana Kosturanova |
Date Deposited: | 01 Nov 2018 10:17 |
Last Modified: | 01 Nov 2018 10:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20716 |
Actions (login required)
View Item |