Golakov, Kostadin (2010) Зошто ни е потребна катедра за словенска филологија, односно славистика на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип? Годишен зборник 2010 - Филолошки факултет, УГД - Штип, 1. pp. 152-162.
Text
Kostadin Golakov tekst Zbornik.pdf Download (209kB) |
Abstract
Авторот укажува на потребата од основање на катедра за словенска филологија, односно славистика, на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Со оглед на фактот дека на почетокот од работата на Филолошкиот факултет не беше предвидена катедра за словенска филологија, односно славистика, наведени се неколку причини за потребата од отворање таква катедра, како и ползата што факултетот би ја имал од активностите на самата катедра. Од историски аспект Филолошкиот факултет е должен да го продолжи историскиот континуум на словенското просветителство и на славистиката во целина. Од современ аспект, со оглед на глобализацијата, треба да се грижи за зачувувањето на автентичноста на Словенството на полето на материјалниот и духовниот идентитет на словенските народи. Од национален аспект, на Република Македонија ѝ се потребни институции кои ќе помогнат во зачувувањето на македонскиот идентитет. Од културен аспект, проучувањето на историјата и културата е суштествен дел од изучувањето странски јазици, додека од академски аспект, присуството на славистиката како наука преку катедра за словенска филологија, односно славистика, ќе доведе единствено до зголемување на академското ниво на работата на факултетот и универзитетот воопшто. Од наведените факти, очигледно е дека постои реална потреба во иднина да се основа катедра за словенска филологија, односно славистика.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Kostadin Golakov |
Date Deposited: | 26 Nov 2012 08:56 |
Last Modified: | 26 Nov 2012 08:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2067 |
Actions (login required)
View Item |