Когнитивните процеси на помнење и заборавање од семантички и синтаксички аспект (македонско-полски паралели).

Nikolovska, Violeta (2018) Когнитивните процеси на помнење и заборавање од семантички и синтаксички аспект (македонско-полски паралели). Folia philologica Macedono-Polonica, 9-10. pp. 75-86. ISSN 1897-5607

[thumbnail of skopje2018-1-7.pdf]
Preview
Text
skopje2018-1-7.pdf

Download (238kB) | Preview
[thumbnail of maked-polska%20k.pdf]
Preview
Text
maked-polska%20k.pdf

Download (404kB) | Preview

Abstract

Во трудот ќе ги анализираме когнитивните глаголи од семантичкото поле: памти (памети), се сети, (ми) текна, заборави и нивните полски еквиваленти: pamiętać, przypominiać sobie, zapomnieć како и изразите: przyszło mi na myśl, przyszło mi do głowy. Според полската школа на семантичка синтакса глаголите се предикативни изрази на предикати од втор ред, кои го одразуваат внатрешниот свет на човекот, неговите интелектуални, емотивни и волитивни процеси. Како прв аргумент на овие предикати се јавува човекот, а вториот аргумент е сегмент од внатрешниот живот на човекот. Глаголите ќе бидат анализирани од аспект на нивното значење и од аспект на нивните синтаксички можности. Семантичката анализа ќе ја поткрепиме и со сознанијата од когнитивната лингвистика (Lakoff and Johnson 2003; Kövecses 2002), особено со анализата на когнитивните механизми метафора и метонимија, кои имаат влијание и при развојот на полисемијата на лексемите. Концептуалната метафора и концептуалната метонимија ги отсликуваат когнитивните механизми по кои умот и искуството го структурираат јазикот. Сликата за светот станува јазична реалност. При анализата на синтаксичките можности на глаголите од ова семантичко поле ќе се послужиме со принципите на полската школа на семантичка синтакса (Тополинска 1995; Тополињска 1997; Grochowski, Karolak i Topolińska 1984).

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Violeta Nikolovska
Date Deposited: 01 Nov 2018 12:29
Last Modified: 01 Nov 2018 12:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20643

Actions (login required)

View Item View Item