Криминолошки аспекти на убиството на дете при пораѓање вршено од страна на жена

Kosevaliska, Olga and Ivanova, Elena (2018) Криминолошки аспекти на убиството на дете при пораѓање вршено од страна на жена. Proceedings of 5th International Scientific Conference "Social Changes in the global world", Faculty of Law - UGD (5). ISSN 978-608-244-548-9

[thumbnail of SO ole za repoz.pdf]
Preview
Text
SO ole za repoz.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Присуството на жената во казнената евиденција во улога на
престапник, неминовно изнудува потреба од детално анализирање
на криминолошките карактеристики на секој појавен облик каде е
присутна како сторител. Евидентен е и трендот на зго
лемување на
ваквата нејзина застапеност, како во глобални размери, така и на
локално ниво.
Еманципацијата повлекува свои негативни ефекти
во насока на зголемување на јавувањата на жената како
престапник. Нормално, обликот, динамиката структурата и
зачесте
носта се менуваат согласно добата на живеење, но
одлучноста на жената за впуштање во недозволено поведение се
зацврстува. Анализирајќи го типот на кривични дела кои
денешната жена ги врши, мораме да споменеме дека истите
задолжително ги делиме во две осно
вни групи, земјаќи ја во
предвид и оштата поделба на кривични дела врз база на субјектот.
Односно delicta communia и delicta propria. Тргнувајќи од вториве,
односно од специјалните казнени дела, мораме да започнеме со
феноменолошка анализа на кривичните де
ла кај кои, согласно
нашето законодавство, како сторител може да се јави исклучиво
жената, во случајов мајката. Убиството на дете при пораѓање (или
народски попознато како чедоморство) е појава која датира уште
од античка епоха, а која менувајќи го обликот
, причините или
начинот на вршење, опстојува до ден денес. Навлегувајќи во
криминолошките карактеристики на појавата, во нејзината
феноменологија и етиологија, овозможуваме подетално
запознавање со истата и поставување на можности за нејзино
превенирање и
третирање во пракса.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Maksimova
Date Deposited: 17 Oct 2018 08:14
Last Modified: 17 Oct 2018 08:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20585

Actions (login required)

View Item View Item