Кинезиологија со патокинезиологија и патобиомеханика

Topuzov, Ivan and Nikolovska, Lence and Krstev, Toshe and Vasileva, Dance and Stratorska, Tamara (2018) Кинезиологија со патокинезиологија и патобиомеханика. Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје, Универзитет 'Гоце Делчев"-Штип, Факултет за медицински науки, Штип. ISBN 978-608-244-545-8

[thumbnail of УЧЕБНИК.КИНЕЗИОЛОГИЈА СО ПАТОКИНЕЗИОЛОГИЈА И ПАТОБИОМЕХАНИКА.2018.pdf]
Preview
Text
УЧЕБНИК.КИНЕЗИОЛОГИЈА СО ПАТОКИНЕЗИОЛОГИЈА И ПАТОБИОМЕХАНИКА.2018.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Наједноставната форма на движење - механичката - може да се појави насекаде. Таа се открива во сите форми на движење. Колку е повисока формата на движење, толку (релативно) е помал делот на механичката. Пониските форми на движење се вклучуваат во повисоките, но тоа не значи дека претставуваат севкупност од пониските. Тие имаат своја специфика и во нив ниските форми на движење се појавуваат различно, отколку во својата чиста форма. Поради таа причина изучувањето на високата форма на движење не може да биде сведено на изучување на поелементарните форми што ја составуваат.
Движењето за човекот има огромно значење – ја променува околната средина и на тој начин човекот се „променува“ и самиот себе си – се усовршува човечкиот организам, а пред сè свеста.
Создавањето на учебникот Кинезиологија со патокинезиологија и патобиомеханика се должи на суштинското значење на кинезиологијата и патокинезиологијата во целосниот алгоритам на лекување на пациенти со трауматични, ортопедски, ревматски, кардиоваскуларни, респираторни и невролошки заболувања. Кинезиологијата и патокинезиологијата како интегрални науки комбинираат познавања од различни области – анатомија, биомеханика, физиологија и медицина.
Предметот Кинезиологијата со патокинезиологијата и патобиомеханика е фундаментален, затоа што ги содржи најважните и најнеопходните теоретски и практично-апликативни знаења и вештини за професионална реализација на идните дипломирани физиотерапевти. Тоа е основната задача на учебникот – да даде продлабочени познавања на студентите што ќе им послужат во нивната понатамошна едукација во специјалните дисциплини и во нивниот научно-практичен развој.
Од практична гледна точка, кинезиологијата и патокинезиологијата се во основата на градењето на современите физиотерапевтски и други функционално-рековалесцентни програми. Продлабочените познавања за нормалните кинезиолошки карактеристики на сегментите во локомоторниот апарат се предуслов за правилна патокинезиолошка анализа на промените што настануваат како резултат на различни заболувања и повреди.
Учебникот Кинезиологија со патокинезиологија и патобиомеханика може да им користи и на сите останати читатели кои се интересираат за основните и современи погледи на кинезиологијата на човекот и карактеристичните патокинезиолошки промени кои што настануваат како резултат на повреди и заболувања.

Item Type: Book
Uncontrolled Keywords: Кинезиологија, патокинезиологија, патобиомеханика
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Prof. Dance Vasileva
Date Deposited: 16 Oct 2018 07:46
Last Modified: 16 Oct 2018 07:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20554

Actions (login required)

View Item View Item