Фонетски и фонолошки девијации во употребата на македонскиот јазик кај полските и украинските студенти

Stanojoski, Igor (2016) Фонетски и фонолошки девијации во употребата на македонскиот јазик кај полските и украинските студенти. Палимпсест, Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања, I (2). pp. 171-181. ISSN 2545-3998

[thumbnail of document (1).pdf]
Preview
Text
document (1).pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Пресудни за фонетската правилност во зборувањето на странскиот јазик се објективните совпаѓања и разидувања во артикулациските бази на првиот и вториот јазик, како и мрзливоста/ упорноста на субјектот да ги совлада новите
артикулациски единици. Фонетските девијации во принцип не предизвикуваат пречка во комуникацијата. Пречка, неразбирливост и негодување кај слушателот може да предизвикаат фонолошките интерференции, пред сè, недиференцијацијата на фонемите. Решението на фонетските девијации лежи во артикулацијата. Фонолошките девијации не се решаваат со поместување на артикулацијата. Украинците и Полјаците што учат македонски, барем во поглед на фонетиката и фонологијата, се во поповолна положба од Македонците што учат украински и полски, затоа што македонскиот има значително помал број гласови (респ. и фонеми), најмногу како последица на затврднувањето на меките согласки и неутрализацијата на опозицијата по мекост во консонантскиот систем.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Igor Stanojoski
Date Deposited: 11 Oct 2018 07:41
Last Modified: 11 Oct 2018 07:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20515

Actions (login required)

View Item View Item