Miseva, Kristina and Dimic, Suzana (2018) Aпории за оданочувањето на црквите и црковните даноци – примери во Р. Македонија и Р. Србија. Зборник на трудови од Петтата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, 5. ISSN ISBN 978-608-244-548-9
Preview |
Text
Zbornik Vol. 1 praven 2018, trud .pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Црквите и останатите верски заедници од памтивек биле изземени од даночна јурисдикција на државата. Додека некои даваат оправдувања дека црквите треба да бидат даночно ослободени со цел да се задржи и заштити верската слобода, други мислења се дека црквите треба да бидат оданочени бидејќи даваат услуги и остваруваат приход, а трети дека физичките и правни лица треба да плаќаат црковен данок. Дали црквите и верските заедници, нивните објекти и услуги се јавно добро односно јавни услуги и се од јавен интерес? Или тоа се општествени принципи и активности кои се премногу важни и вредни за да било кој субјект се меша во нивниот идентитет и самостојност. Дали тоа се субјекти со право изземени од фискалниот систем на државата или се нејзини „миленици“? Дали црковните лица треба да бидат даночни обврзници како и секој граѓанин? Дали тие ужуваат само права од државата или за нив постојат и одредени обврски? И покрај сензитивноста на оваа тема авторите ќе се обидат да дадат одговор на дел од многубројните дилеми, согледано преку историски и компаративни методи и согласно современите практиките во македонскиот и српскиот правен поредок.
Клучни зборови : оданочување, цркви, држава, услуги
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Kristina Miseva |
Date Deposited: | 24 Sep 2018 13:27 |
Last Modified: | 24 Sep 2018 13:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20431 |
Actions (login required)
View Item |