Вршење на родителското право по разводот на брак De Lege Lata, De Lege Ferenda

Mickovic, Dejan and Sutova, Milica (2018) Вршење на родителското право по разводот на брак De Lege Lata, De Lege Ferenda. ,,Петта меѓународна научна конференција" ,, Општествените промени во глобалниот свет". ISSN 978-608-244-548-9

[thumbnail of Вршење на род.право по развод (1).pdf]
Preview
Text
Вршење на род.право по развод (1).pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Апстракт Голем број истражувања во изминативе неколку децении покажаа дека разводот на брак има негативни последици врз децата. Ова сознание претставува предизвик да се проучува моделот на вршење на родителската одговорност по разводот на брак кој одговара на принципот на почитување на најдобриот интерес на детето. Во трудот авторите прават компаративна анализа на институтот вршењето на родителското право по развод на брак de lege lata. Авторите ги анализираат последиците од разводот на брак врз децата, како и резултатите од социолошките истражувања за влијанието на заедничкото вршење на родителското право по разводот врз децата, што е современа тенденција во светот во последниве години. Ова истражување се прави со цел да се предложат најдобри решенија кои би се имплементирале во македонското законодавство de lege ferenda. Авторите сметаат дека реформи на македонското семејно законодавство во однос на вршењето на родителското право по разводот на бракот се ургентно потребни, имајќи го предвид фактот дека бројот на разведени бракови во Македонија постојано е во пораст, а нашето законодавство има исклучително застарена концепција за родителство по развод, што доведува до сериозни проблеми за децата и родителите по разводот на брак.

Клучни зборови:родителска одговорност, деца, развод на брак, последици од развод на брак.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Milica Sutova
Date Deposited: 24 Sep 2018 08:36
Last Modified: 24 Sep 2018 08:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20415

Actions (login required)

View Item View Item