Kusevska, Marija (2018) Анализа на директното и индиректното изразување во македонскиот јазик. In: 10th Macedonian-Northamerican Conference, 30 Aug-1 Sept 2018, Ohrid, Macedonia. (Submitted)
Preview |
Text
Programa 10mak.amer.konf V3 juni 2018.pdf Download (271kB) | Preview |
Preview |
Text
MK 1.pdf Download (443kB) | Preview |
Abstract
Често слушаме од странците кои комуницираат со македонските говорители дека Македонците се директни во своето изразување. И тоа не е само нивна забелешка. Самите македонски говорители заклучуваат дека „ние сме многу директни“. Во ова истражување ги анализираме јазичните средства кои придонесуваат македонските говорители да звучат директно. За оваа цел направивме анализа на говорниот чин приговарање. Корпусот за анализа го составивме врз основа на Прашалник за пополнување на дискурс во кој од испитаниците беше побарано да напишат како би реагирале во шест ситуации со различни контекстуални параметри. Него го пополнија 103 испитаници на возраст од 19 до 23 година. Овој корпус беше дополнет со говорни чинови собрани во реални ситуации. Во анализата ги издвоивме граматичките и лексичките јазични средствата кои македонските говорители ги користеле при формулирање на приговорите. За подетална анализа ги издвоивме оние средства кои најчество се среќаваат при реализацијата на оваа функција: прашањата, императивните форми, перформативните глаголи замолува/замоли/моли, глаголите мислам и сметам, и модалните глаголи. Делови од приговорите беа искористени за составување посебен прашалник со кој го испитувавме нивниот ефект врз соговорниците. Анализата на директноста и индиректноста во изразувањето на македонските говорители е направена врз основа на теоријата на говорните чинови (Austin, 1962; Searle, 1969), теориите за (не) учтивост (Arundale, 2006; Brown & Levinson, [1978] 1987; Blum-Kulka, 1987; Grainger & Mills, 2016; Grice, 1975), и согледувањата на меѓукултурната прагматика (Spencer-Oatey, 2000; Trosborg, 2010; Wierzbicka, 1999). Во поглед на директноста во изразувањето, правиме разлика меѓу директното, конвенционално индиректното и индиректното изразување. Покрај теориски, ова истражување може да има и практични импликации бидејќи придонесува за расфетлување на некои компоненти на комуникацискиот стил на македонските говорители.
Клучни зборови: говорни чинови, приговарање, учтивост, меѓукултурна прагматика
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Kusevska |
Date Deposited: | 03 Sep 2018 12:57 |
Last Modified: | 03 Sep 2018 12:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20355 |
Actions (login required)
View Item |