Dimovska, Ivana (2018) Анализа на ризиците во банкарското работење со посебен осврт на кредитниот ризик. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Ivana Dimovska (Ivana Dimovska).pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Неизвесноста е главна карактеристика на банкарското работење. Банките секојдневно се изложени под влијание на најразлични видови ризици особено во поново време кога со зголемен интензитет се развива и усовршува современото банкарство и специфичните банкарски производи. Еден од многуте ризици на кои се изложени банките е кредитниот ризик кој ја носи титулата “главен ризик” во банкарското работење.
Успешноста и неуспешноста на банките зависи од начинот на кој се третираат ризиците, односно навремено идентификување и преземање соодветни, корективни мерки за заштита и минимизирање на ризиците. Целиот процес на управување со ризиците особено со кредитниот ризик е сложен и практично тој е содржан од пакет активности кои треба да се преземат, а услов за успешно извршување е: компетентно образование, висок степен на стручност и инвентивност кај менаџментот одговорен за управување со ризиците.
Стабилноста и сигурноста се значајни карактеристики што треба да ја одликуваат секоја деловна банка, од една страна за да ја зачува својата позиција на пазарот и да се заштити од големата конкуренција во банкарската индустрија, а од друга страна да ги заштити депонентите и воедно да придонесе за развој на стабилен и здрав банкарски систем. За да се одржува стабилноста на високо ниво и процесот на управување со ризиците да биде ефикасен, банката мора да има одредени јасни стратешки цели и стратегии за управување со банкарските ризици.
При проценка на сигурноста во работењето на банките клучен показетел кој се зема предвид е капиталот кој треба да е доволно голем за да се амортизираат загубите настанати од влијанието на одредени ризици и воедно адекватноста на капиталот да биде во соогласност со меѓународните стандарди и Базелските спогодби.
Клучни зборови: банкарски ризици, кредитен ризик, управување со кредитниот ризик, адекватност на капиталот, сопствени средства.
„
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 13 Jul 2018 11:08 |
Last Modified: | 13 Jul 2018 11:08 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20228 |
Actions (login required)
View Item |