Kusevska, Marija and Ivanovska, Biljana and Daskalovska, Nina and Leontik, Marija and Donev, Dragan and Pop Zarieva, Natalija and Iliev, Krste and Tasevska, Marica (2018) Развивање на меѓукултурните прагматички истражувања и истражувањата на прагматиката на меѓујазикот и нивно поврзување со практиката. [Project] (Submitted)
Preview |
Text
Научно-истражувачки проект.pdf Download (203kB) | Preview |
Preview |
Text
Project_2018.pdf Download (204kB) | Preview |
Abstract
Истражувањата предвидени со овој проект се од областа на меѓукултурната прагматика и прагматиката на меѓујазикот на изучувачите на странски јазици (англиски, германски, македонски и турски). Истражувањата ќе бидат направени во вид на компаративни студии насочени кон анализа на принципите на комуникација во посебните културни средини кои се предмет на изучување, вклучувајќи ја и македонската средина, како и во средини во кои припадници од различни култури и јазици комуницираат на еден заеднички јазик (lingua franka). Посебено ќе се истражуваат и комуникациските способности на македонските изучувачи на англискиот, германскиот и турскиот јазик. Бројот на овој вид студии во Македонија е многу мал и постои потреба од нивно зголемување и од развивање нови методи за собирање истражувачки материјал и негова обработка. Во согласност со претходно изнесеното, целите на овој проект се следните: 1. зголемување на базата на меѓукултурни и интеркултурни прагматички проучувања и проучувања на прагматиката на меѓујазикот на изучувачите на странски јазици 2. развивање современи методи за собирање и анализирање на јазичниот материјал; 3. поврзување на прагматичките истражување со практичните потреби во општеството. Прагматичките истражувања се многу значајни за јазичното образование, креирањето курикулуми, како и за сите учесници во интеркултурната комуникација. Собраниот материјал ќе се искористи како почетна база за креирање споредбени јазични корпуси кои ќе може понатаму да се надоградува и да се прошируваат со други јазици. Јазичните истражувања врз основа на корпуси е еден од најмодерните приоди на полето на лингвистиката. Кај нас тој приод сè уште не е развиен.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Kusevska |
Date Deposited: | 20 Aug 2018 08:06 |
Last Modified: | 20 Aug 2018 08:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20094 |
Actions (login required)
View Item |