Drakalska, Elena and Angelovska, Bistra and Arev, Marija and Stefanovska, Tamara (2018) Антитуморна активност на ресвератрол инкорпориран во цврсти липидни наночестички. In: Прв конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2018, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
Programa_UGD_Kongres.pdf Download (2MB) | Preview |
Preview |
Text
Poster_UGD_EDrakalska.pdf Download (616kB) | Preview |
Abstract
Ресвератролот (3,5,4′-trihydroxy-trans-stilbene) претставува природен полифенол и фитоалексин, застапен во висока концентрација во грозјето, бобинките, зрната од какао и особено во црвеното вино. Оваа активна супстанца е особено значајна со оглед на фактот што бројни клинички студии докажале дека поседува потентна плеиотропна, антитуморна активност, без документирана токсичност врз здравите клетки. Дополнително, ресвератролот, како најчесто истражуван стилбен, поседува и кардиопротективно, антидијабетично и хемопревентивно дејство.
Нажалост, клиничката реализација на ресвератрол е лимитирана поради ниската растворливост во вода (0.05 mg/ml), нестабилноста при физиолошко рН проследено со исклучително ниска биорасположивост. Потенцијална стратегија за надминување на овие недостатоци е инкорпорирање на ресвератрол во цврсти липидни наночестички.
Од обработените податоци заклучивме дека цврстите липидни наночестички се одлични кандидати за испорака на ресвератрол, обезбедувајќи повисока растворливост, стабилност и биорасположивост во целното ткиво.
Клучни зборови: ресвератрол, наночестички, испорака, биорасположивост
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Elena Drakalska |
Date Deposited: | 19 Jun 2018 13:34 |
Last Modified: | 25 May 2023 10:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20092 |
Actions (login required)
View Item |