Секциско предавање на тема „Поезијата во романите на Венко Андоновски“

Mladenoski, Ranko (2018) Секциско предавање на тема „Поезијата во романите на Венко Андоновски“. In: III Меѓународна научна конференција ФИЛКО, 26-27 Apr 2018, Stip, Macedonia. (Submitted)

[thumbnail of Mladenoski sekcisko predavanje FILKO 3.pdf]
Preview
Text
Mladenoski sekcisko predavanje FILKO 3.pdf

Download (829kB) | Preview

Abstract

На III Меѓународна научна конференција ФИЛКО што се одржа на 26 и 27 април 2018 година во Штип во коорганизација на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Филолошкиот факултет при Воронежкиот државен универзитет во Русија, професорот Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Поезијата во романите на Венко Андоновски“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека предмет на анализа во излагањето, всушност, се четирите досега објавени романи на Венко Андоновски: „Азбука за непослушните“ (1994), „Папокот на светот“ (2000), „Вештица“ (2006) и „Ќерката на Математичарот“ (2013). Уште на почетокот беа извршени две суштински дистинкции што се значајни за темата што се елаборира: а) поезија – проза; б) првостепена уреденост на природниот јазик – второстепена уреденост на природниот јазик. Имено, поезијата, едноставно кажано, ја дефинираме како литература во форма на стих со метричка и со стилско-фигуративна уреденост. Прозата, исто така едноставно кажано, ја дефинираме како врзан текст или дискурс којшто не е метрички уреден како поезијата. Во врска со втората дистинкција, беше истакнато дека првостепената уреденост на природниот јазик ја подразбира организираноста на јазикот како систем од знаци од фонолошки и фонетски, морфолошки, лексиколошки и фразеолошки, како и синтаксички аспект, додека второстепената уреденост на природниот јазик подразбира примена на дополнителни правила (норми, законитости) коишто се од фундаментално значење за структурирањето на книжевно-уметничките текстови. Во текот на излагањето беа наведени бројни примери кои ја илустрираат тезата за доминантното присуство на поетскиот израз во четирите романи на Андоновски (версети, парономазија, метафора, компарација, каламбур, метонимија, парадокс и слично) со што се покажа и се докажа оправданоста на избраната тема од насловот на излагањето.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 03 May 2018 07:44
Last Modified: 03 May 2018 07:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19947

Actions (login required)

View Item View Item