Естетски реставрации со порцелански фасети

Zlatanovska, Katerina (2018) Естетски реставрации со порцелански фасети. In: Симпозиум со меѓународно учество, ДДДММ Стоматолошко здружение на Македонија "Современи концепции во дентална медицина", 3 March 2018, Prilep, Macedonia. (Unpublished)

[thumbnail of Flaer DDMMM mart 2018 Prilep.pdf]
Preview
Text
Flaer DDMMM mart 2018 Prilep.pdf

Download (546kB) | Preview
[thumbnail of prezentacija za Prilep - Katerina Zlatanovska.pdf]
Preview
Text
prezentacija za Prilep - Katerina Zlatanovska.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Благодарение на исклучителната естетика, докажана биокомпатибилност и долгорочна прогноза, порцеланските фасети станаа рутинска реставративна процедура за третман на фронталните заби. Порцеланските фасети се естетски реставрации кои благодарејќи на нивната цврстина, долговечност, биокомпатибилност и конзервативна природа покажаа одлични клинички перформанси и како материјалите и техниките еволуираат, станаа едни од најупотребуваните, најестетски и најмалку инванзивни терапевтски можности.

Од механички аспект, пред да бидат цементирани порцеланските фасети се нежни и кршливи. По нивното фиксирање со композитен цемент ја добиваат потребната цврстина на притисок, свиткување и истегнување за да се спротивстават на мастикаторните сили, што ја гарантира нивната долга клиничка употреба. Покрај цврстината на материјалот, механичката отпорност на порцеланските фасети зависи и од препарациониот дизајн, и тие заедно би се спротивставиле на оклузалните и латералните сили при актот на мастикација.

Важна одлука која треба да се донесе пред да се започне со препарацијата е изборот на препарациониот дизајн. Предавањето ги опфаќа компромисните решенија помеѓу научните сознанија и употребата на порцеланските фасети.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Zlatanovska
Date Deposited: 02 May 2018 11:11
Last Modified: 02 May 2018 11:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19934

Actions (login required)

View Item View Item