Risteski, Sanja (2018) Историја на облека - практикум. ISBN 978-608-244-503-8.
Full text not available from this repository.Abstract
Во најголемиот дел од историјата, развојот на костимот следи две одвоени линии поврзани со два различни вида на облека/два контрастни типа на облека. Од современ модерен аспект, најочигледната линија на развој може да се формулира како пројавување на разликата меѓу машката и женската облека, односно во двата најопшти типови на облека - панталони и здолниште. Направените истражувања на полето на историјата на костимот, од друга страна, јасно покажуваат дека во минатото мажот има доминантно место кога станува збор за разновидност и богатство на облека, односно дека мажот бил тој, кој од секогаш носел далеку поукрасена облека, отколку жената. Исто така, проследувајќи ја историјата на костимот достигнуваме до сознание за потреба од рушење на востановената предрасуда која се однесува на поставената генерална поделба на машка и женска облека. Имено, податоците од минатото јасно говорат за одредени разлики присутни во обичаите на старите народи, како отстапување во типот на облека карактеристична за мажи и жени, а како аргумент за поткрепа го посочуваме фактот дека античките Грци и Римјани носеле туники и здолништа, додека една друга група на народи, односно оние кои живееле во планините, како што се Шкотланѓаните и современите Грци (особено во осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век) носат еден вид на облека која наликува на женско здолниште - килт (Шкотланѓаните), фустанела (Грците). Од друга страна, пак, жените на Далечниот и Блискиот Исток одамна носеле панталони –шалвари кои и денес претставуваат нивна доминантна облека. Кога говориме за општите генерални поделби на облекaта, одредена група на проучувачи на историјата на костим, се определуваат за една друга поделба, односно за тесна / припиена и набрана /со набори облека. Во една ваква поделба, денешната модерна облека би се вклопила во првата категорија, додека облеката на античките Грци, во втората. Додека сме уште кај генералните поделби, секако би требало да ја земеме во предвид како релевантна и дистинкцијата која е направена од страна на антрополозите кои облеката ја делат на тропска и арктичка. Постојат повеќе размисли поврзани со примарниот мотив за носење облека, кои се рангираат во различни групи. Доминантно мислење поврзано со примарниот мотив за носење на облека сѐ уште е базично и е поврзано со податоците од Библијата - Создавањето на светот и срамот кој ги натерал првите луѓе Адам и Ева да си го покријат телото. Како во минатото, така и денес облеката освен тоа што претставува потреба, истата може да претставува и луксуз, за што сведочат креациите изработени од познатите дизајнерски куќи.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Sanja Spasova |
Date Deposited: | 11 Apr 2018 07:26 |
Last Modified: | 11 Apr 2018 07:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19778 |
Actions (login required)
View Item |