Denkova, Jovanka and Dimitrova, Natasa (2018) Contrastive analysis of fairy-tale elements in the works of Hristo Petreski and Marko Cepenkov. In: XVI International Conference Knowledge without borders, 15-18 March 2018, Vrnjacka Banja, Serbia.
Preview |
Text
vrnjacka banja2018-1.pdf Download (805kB) | Preview |
Abstract
Целта на овој труд е да се опише, анализира и конкретизира најпрвин поимот сказна, како и да се издвои сказновидното во определени книжевни дела. Анализата ќе ја реализираме со помош на одредени сознанија добиени и практикувани во научно-истражувачката работа од изминатите години, при што ќе бидат обработени и сказни од наши домашни автори, конкретно, анализата ќе се концентрира на сказните од домашниот автор Христо Петрески и избор на одредени фантастични приказни (сказни) од собраните материјали на најголемиот македонски фолклорист – Марко Цепенков. Бајките се приказни за неверојатните и волшебни случувања во кои стварноста се преплетува со фантастичните светови. Во бајките сè е можно. Според тоа, бајките се слични на соништата. Делата на Цепенков, се она нешто со што тој своевидно ја обогатува фактурата на народната книжевност, без да ја губи смислата на постоењето во светот на сказната. Тој ужива да го создава ликот, со еден одмерен ритам, да го погодува начинот на зборување што му одговара, да се навраќа повторно и повторно сѐ додека не го добие тој момент што со мисла ќе ја разбие ситуацијата. Цепенков се разоткрива најмногу онаму каде што приказната дава повеќе можност за сврзување со секојдневието и онаму каде што преку сочен хумор може човек да ги следи и да ги цени постапките на ликовите. Во сказните на Петрески целосното опишување на шумите, штрковите по патот, пејсажите, улиците, парковите... сé се случува во движење и тоа токму движење напред. Целото дејство се случува додека фамилија се вози со својот автомобил и тоа во непознат правец, или можеби крајна дестинација според најстариот член би било селото Бајково
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Jovanka Denkova |
Date Deposited: | 10 Apr 2018 13:16 |
Last Modified: | 10 Apr 2018 13:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19771 |
Actions (login required)
View Item |