Економика на претпријатие (скрипта за интерна употреба)

Petrevska, Biljana and Magdinceva Sopova, Marija (2018) Економика на претпријатие (скрипта за интерна употреба). . (Unpublished)

[thumbnail of EP_interna skripta_BP_MM_2018.pdf]
Preview
Text
EP_interna skripta_BP_MM_2018.pdf

Download (6MB) | Preview

Abstract

Ракописот претставува скрипта за интерна употреба наменета првенствено за студентите кои го изучуваат предметот Економика на претпријатие на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот “Гоце Делчев” - Штип. Основна цел е да им помогне на студентите во совладување на најважните теми кои ги покриваат економските аспекти на работењето на претпријатието. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии. Имајќи предвид дека ова е нерецензиран ракопис, не е исклучена можноста да има одредени недостатоци. Оттука, секоја добронамерна сугестија и забелешка ќе бидат прифатени со посебно задоволство.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА СКРИПТАТА
Скриптата е напишана со јасен и разбирлив јазик. Ракописот методолошки е структуриран во осум глави кои меѓу себе се надополнуваат, а во секоја однив се разработени основните поставки, потребата и значењето на економските аспекти на работењето на претпријатието. Секоја глава започнува со кратко информативно појаснување за точките кои ја обработуваат главната тема понудена како глава. На крајот на ракописот, соодветно се нотирани библиографските единици кои се цитирани во текстот, а се однесуваат на монографски единици, периодични списанија, статии, извештаи и интернет страници.
Скриптата се состои од осум глави кои ги покриваат најзначајните теми кои вообичаено се сретнуваат во литературата од оваа област. Притоа, започнато е со најелементарните поими кои се обработени во првата глава, а се однесуваат на запознавање со поимот, предметот на проучување и методологијата која ја користи Економиката на претпријатие како научна дисциплина. Втората глава го појаснува претпријатието како основен субјект на пазарното работење. Најважните концепти за управување со средствата на претпријатието се презентирани во третата глава. Имајќи предвид дека работната сила и плаќањето на трудот се еден од најзначаните фактори на работниот процес во претпријатието, основните поими за нив се детално разработени во петтата глава, додека шестата дава практични примери за управување со ефикасноста и ефективноста. Седмата глава е во целост посветена на управувањето со квалитетот на економијата во претпријатието, додека последната, осма глава е посветена на управување со резултатите на претпријатието.
Ракописот е заеднички труд на Билјана Петревска, која е автор на главите I, III, IV и VII, и Марија Магдинчева Шопова, која е автор на главите II, V, VI и VIII.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 27 Feb 2018 07:51
Last Modified: 27 Feb 2018 07:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19689

Actions (login required)

View Item View Item