Agrotova, Stefanija and Dojcinovski, Metodija (2016) Транснационалниот организиран криминал како закана за националната безбедност. Можното, реалното и виртуелното во современиот свет. ISSN 978-608-4574-75-0
Preview |
Text
zborniktrudovi16elek.pdf EURM 2016.pdf Download (357kB) | Preview |
Abstract
Истражувањата на безбедносните студии се трудат да бидат поставени во проширениот и
продлабочен контекст, но безбедносното опкружување од нас бара да не го напуштиме
традиционалниот пристап кон прашањето за безбедноста. Различните облици на загрозување се
покомплексни поради одредени фактори, впрочем истите се и тешки за дефинирање, а голем дел од
нив го менуваат обликот и начинот на дејствување. Од другастрана пак, грижите, проблемите и
претпазливоста на националната безбедност доаѓаат од природата на заканите. Динамиката со кои
истите се случуваат дополнително го усложнуваат нивното потекло, утврдувањето на причините а
секако и нивното намалување. Сложеното меѓународно опкружување се претпоставува дека во
индина ќе станува се посложено. Од ова, произлегува дека заканите кои и се случуваат на
националаната безбедност се во постојана променлива состојба. Транснационалниот организиран
криминал е глобална закана, но неговите ефекти се чувствуваат на локално ниво. Истиот овој вид на
криминал има моќ да дестабилизира цели држави и региони. Организираното мрежно работење,
иновативните тактики, страгегии и технологии со кои се служат криминалците доведува до
остварување на нивните цели како на пример перење на пари преку банкарски сметки, сексуална
експлоатација на жени и деца, ситни кражби, кражби на автомобили, насилства и огромен број
злосторства. Под негово влијание се без исклучок и развиените и државите во развој. Иако
организираниот криминал е вкоренет уште многу одамна, за да може државата да ги превенира, да
одговори и да ги сузбие овие асиметрични закани потребно е нивно постојано следење и анализа.
Активностите на овој вид на криминал претставуваат реална закана по националната безбедност.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Military Academy |
Depositing User: | Metodija Dojcinovski |
Date Deposited: | 19 Feb 2018 11:47 |
Last Modified: | 19 Feb 2018 11:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19555 |
Actions (login required)
View Item |