Електронско банкарство - поим и ризици

Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2009) Електронско банкарство - поим и ризици. In: Годишен зборник, Економски факултет. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, pp. 162-172.

[thumbnail of Elektronsko bankarstvo-poim i rizici.pdf] Text
Elektronsko bankarstvo-poim i rizici.pdf

Download (250kB)

Abstract

Електронското банкарство овозможува вршење на банкарски трансакции електронски, без директна посета на банката или друга финансиска институција. Интернет банкарството, кое е една форма на електронско банкарство, го користи Интернетот како дистрибутивен канал преку кој се вршат банкарските активности, како: пренос на средства, плаќање на сметки, увид во состојбата на сметките, плаќања по основ на хипотеки и купување на финансиски инструменти и сертификати за депозити. Корисникот на интернет банкарските услуги (физичко лице или компанија) остварува пристап до неговата сметка преку пребарувач – софтвер, кој ги покренува интернет банкарските програми, резиденти на World Wide Web серверот.
Иако интернет банките ги нудат истите услуги како и традиционалните банки, аналитичарите гледаат на Интернет банкарството како на средство за задржување на растечкиот број на софистицирани клиенти, развој на нова база на корисници и апсорпција на што поголем дел од депозитните средства на пазарот.
Покрај многуте позитивни карактеристики, постојат и повеќе ризици, придружни на електронските банкарски активности, кои се исто така предмет на разгледување на овој труд.
Клучни зборови: електронско банкарство
Интернет
Клие
Ризици
финансиски институции
онлајн услуги

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 26 Nov 2012 09:11
Last Modified: 26 Nov 2012 09:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1954

Actions (login required)

View Item View Item