Воено технолошките трендови и безбедносните односи

Dojcinovski, Metodija and Odzakov, Ferdinand (2014) Воено технолошките трендови и безбедносните односи. Влијанието на научно-технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија. ISSN 978-608-4/14-05-7

[thumbnail of Воено технолошките трендови и безбедносните односи.pdf]
Preview
Text
Воено технолошките трендови и безбедносните односи.pdf

Download (148kB) | Preview

Abstract

Трудот ја детерминира нераскинливата поврзаност помеѓу војната и бизнисот, што практично претставува врска помеѓу воената технологија и глобалната безбедност. Иако проценките на колективните безбедносни системи укажуваат на минимална веројатност за отпочнување конвенционална војна, степенот на воената приватизација сигнализира за вклучувањето на се повеќе приватни компании во процесите на вооружување и војување. Можните последици се зголемуваат, безбедносните односи се глобализираат а технолошките трендови се користат за воени, економски и политички димензии.
Содржината во трудот прави обид за укажување на извонредно опасна појава која се шири со огромна брзина, а кој без детално согледување, невозможно е да се воочи. Тоа е опасноста, да развојот на технологијата ја користи војската како механизам за влијание врз безбедносните односи, мирот и стабилноста на локално, регионално и глобално рамниште. Причина за ова е тројноста помеѓу технологијата, приватизацијата и глобализацијата, во која глобализацијата е резултат на технологијата, а приватизацијата претставува форма на организираност во односите. Комплексноста на односите може да доведе до минимизирање на воениот фактор и појава на „нови закани во центарот на гравитацијата“.
Ваквиот развој на настаните може да има и позитивен ефект, во однос на безбедносните односи, бидејќи, војската ќе се повлече во рамки на своите надлежности, ќе ги намали заканите и ризиците, финансиските трошоци, можното нарушување на безбедносната средина и ќе стане поефикасна во однос на себе и своите задачи. Со тоа, двете извонредно мотивирани зони на интерес, глобализацијата и приватизацијата ќе ги намалат своите влијанија. Тргувањето со хардвери и софтвери, може да придонесе заплашувањето како еден од концептите на безбедноста, да стане застарен и неефикасен. Од друга страна, воведувањето нови технологии, може да доведе технологијата да загосподари со светот, и да го направи светот поефикасен, побезбеден и меѓузависен.
Во тој контекст, трудот укажува на можностите, влијанијата и импликациите на воено технолошките трендови врз остварување на целите на националната безбедност и безбедносните односи.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Military Academy
Depositing User: Metodija Dojcinovski
Date Deposited: 15 Feb 2018 13:37
Last Modified: 15 Feb 2018 13:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19513

Actions (login required)

View Item View Item