Финансиската анализа како методолошки инструмент за оценка на финансиската стабилност и успешност на компаниите

Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Miteva, Emilija (2010) Финансиската анализа како методолошки инструмент за оценка на финансиската стабилност и успешност на компаниите. Working Paper. Универзитет Гоце Делчев, Штип.

[thumbnail of Finansiska analiza-lektoriran.pdf] Text
Finansiska analiza-lektoriran.pdf

Download (752kB)

Abstract

Финансиската анализа претставува селекција, евалуација и интерпретација на финансиски податоци и други релевантни информации кои овозможуваат проценка на оперативните перформанси и финансиската состојба на компанијата или индустријата. Оперативното работење на компанијата е мерка за тоа колку добро таа ги користи своите средства, како материјални, така и нематеријални, во создавање принос на инвестиционите вложувања. Финансиската состојба на компанијата е мерило за нејзината способност да ги извршува обврските и да ги плаќа каматите во предвидените временски рокови.
Потребно е да се нагласи дека поимот финансиска анализа се разликува од поимот финансиско известување. Финансиското известување претставува прибирање и презентација на тековни и историски финансиски информации за работењето на компанијата. Евидентно е дека финансиското известување за минатото секогаш бара предвидување и проценка на идните настани, ненаплатените побарувања, трошоците по преземаните гаранции и слично.

Item Type: Monograph (Working Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 24 Nov 2012 16:36
Last Modified: 24 Nov 2012 16:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1945

Actions (login required)

View Item View Item