Dimitrov, Nikola and Taskov, Nako and Jakovlev, Zlatko and Koteski, Cane and Petrevska, Biljana and Metodijeski, Dejan (2018) Книга 1 - Прирачник за полагање стручен испит за туристички водич. Факултет за туризам и бизнис логистика, за Едиција „Тур ретур“ . ISBN 978-608-244-486-4
Preview |
Text
Книга 1 - Прирачник за полагање стручен испит за туристички водич.pdf Download (6MB) | Preview |
Abstract
Туризмот во Република Македонија повеќе години претставува значајна дејност од која зависи целокупниот развој на државата. Едукацијата на стручни кадри од областа на туризмот и уготителството е процес кој постојано треба да се надградува и усовршува.
Факултетот за туризам и бизнис логистика - Гевгелија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, покрај редовна настава на едукација на кадри од областа на туризмот и угостителството, организира и реализира полагање на стручен испит за туристички водич, туристички придружник и раководење со туристичка агенција, со што на индиректен начин се вклучува во туристичката политика од македонската држава.
Подготовката, организирањето и реализацијата на оваа активност се спроведува повеќе години преку соодветен проект со наслов „ТУР РЕТУР“. Така, ФТБЛ, на два пати, од 2010 до 2015 (прва согласност број 12-5125/2 од 08.10.2010 година издадена од страна на Министерството за образование и наука) и од 2016 година (втора согласност број 14-3114/2 од 08.02.2016 година издадена од страна на Министерството за образование и наука) па наваму успешно реализира полагање стручен испит за туристички водич, туристички придружник и за раководење со туристичка агенција. Кандидатите кои ги положиле стручните испити се здобиле со соодветни уверенија и сертификати, согласно законот за високото образование, законот за туристичка дејност и националната рамка за класификација.
Во првата книга се поместени материјали кои на корисниците ќе им овозможи полесно да го совладаат градивото за полагање на стручен испит за туристички водич и тоа за содржините од наставните предмети: основи на туризам, туристичка географија, хотелиерство и патнички агенции, културно наследство, комуникативно пропагандна дејност и култура на однесување.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Social and economic geography |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Nikola Dimitrov |
Date Deposited: | 12 Feb 2018 12:47 |
Last Modified: | 12 Feb 2018 12:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19433 |
Actions (login required)
View Item |