Josifovic, Ivica and Keskoski, Zlatko (2017) Европска жандармерија - организација и задачи. Knowledge - International Journal, Scientific and Applicative Papers, 17.2. pp. 663-669. ISSN 1857-923X (In Press)
Preview |
Text
Scientific-17.2 (1)-compressed.pdf Download (322kB) | Preview |
Abstract
Европската жандармерија е релативно млада меѓународна организација. Во октомври 2007 година, владите на Франција, Италија, Шпанија, Португалија и Холандија потпишаа договор за нејзино формирање. Во моментов во Европската жандармерија соработуваат Француската жандармерија, Италијанските карабинери, Португалската национална републиканска гарда, Холандските кралски маршали, Шпанската цивилна гарда и Романската жандармерија. Европската жандармерија е наменета за меѓународни полициски операции. Со нејзиното основање некои држави-членки на Европската унија замислија
структурно решение за обезбедување на меѓународни цивилно-полициски способности. Нејзиното создавање привлече особено внимание, но нема посериозна студија како и долгорочна визија. Оттаму, трудот се осврнува на основните факти за Европската жандармерија, нејзиното основање, потребата од нејзиното постоење, нејзината структура и задачи. Бидејќи не постои доволно литература за иднината на Европската жандармерија и меѓународната соработка, ова претставува истражувачки труд. Фокусот е ставен на нејзиниот потенцијал. Европската жандармерија го има потенцијалот да биде многу важна во меѓународната безбедност и вредно средство за поголема група на држави. Основното прашање на кое треба да одговорат европските лидери е како да се искористи потенцијалот на Европската жандармерија во наредните 10-20 години за најдобро да служи на интересите на државите-членки на Европската унија. За да се пронајде одговор на ова прашање, во овој труд детално е анализирана Европската жандармерија и
нејзината позадина. Иако ова може да се анализира со комбинација на долгорочни безбедносни трендови,
Европската жандармерија, нејзините ресурси и искуство, како и нејзиниот потенцијал ќе зависи многу од политика, амбиции, влијанието на другите држави, дипломатски вештини, непредвидлив безбедносен развој, дури и случајности. Од трудот може да се извлече заклучок за успехот на нејзините операции кон кои е во моментов насочена. Во заклучок само се наведени основните недостатоци и потешкотии со кои се соочува Европската жандармерија, а кои се однесуваат на националните елементи на комуникациските и информатичките системи на државите-учеснички кои не се целосно интероперабилни и понекогаш инкомпатибилни, дека тактичкото ниво ќе биде засегнато од проблемите на интероперабилноста. За таа цел, Европската жандармерија треба да биде способна да се потпре на заедничките тактички комуникациски и информатички системи што можат да бидат поставени во областа на дејствување.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Ivica Josifovik |
Date Deposited: | 07 Feb 2018 13:40 |
Last Modified: | 07 Feb 2018 13:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19378 |
Actions (login required)
View Item |