Micevski, Nikola (2018) Унапредување на управувањето со човечките ресурси во јавните претпријатија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
magistratura.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Управувањето со човечки ресурси претставува управувачка активност што подразбира селекција, развој, одржување, прилагодување, насочување и користење на човечките потенцијали во согласност со целите на компаниите, со истовремено почитување на индивидуалните потреби и цели на вработените. Докажано е дека практиките на управување со човечки ресурси се поврзани со изведбата на вработените и севкупната организациска изведба. Целта на овој труд е да се дојде до сознанија за тоа дали постои таква поврзаност помеѓу одделните практики на управување со човечки ресурси и изведбата на вработените во јавните претпријатија. Примерокот за истражување е случаен, составен од 60 испитаници вработени во јавните претпријатија на Република Македонија. За собирање на податоци беа користени Прашалник за изведба на вработените и Прашалници за практиките на управување со човечки ресурси (регрутирање и селекција, обука и развој, управување со кариерата, систем за наградување, планирање на човечки ресурси и благосостојба на вработените). Резултатите од истражувањето покажаа постоење на позитивна линеарна поврзаност помеѓу секоја од практиките на управување со човечки ресурси и изведбата на вработените во јавните претпријатија. Вака добиените резултати се во согласност со најголем дел од истражувачките резултати во литературата од оваа област. Сите тие укажуваат на потребата јавните претпријатија конзистентно да ги имплементираат регрутирањето и селекцијата, обуката и развојот, управувањето со кариерата, системот за наградување, планирањето на човечките ресурси и благосостојбата на вработените заради подобро исполнување на работните задачи на вработените и постигнување на организациските цели. Овој труд препорачува идни истражувања на факторите што можат да имаат влијание врз изведбата на вработените во претпријатијата. Клучни зборови: јавни претпријатија, практики на управување со човечки ресурси, изведба на вработените
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 07 Feb 2018 09:17 |
Last Modified: | 07 Feb 2018 09:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19367 |
Actions (login required)
View Item |