Поетскиот ораториум на Блаже Конески

Mladenoski, Ranko (2017) Поетскиот ораториум на Блаже Конески. Зборник на трудови од Втората меѓународна научна конференција ФИЛКО (филологија, култура, образование), II (2). pp. 409-417. ISSN ISBN 978-608-244-469-7

[thumbnail of Mladenoski trud FILKO 2 Voronjez 2017.pdf]
Preview
Text
Mladenoski trud FILKO 2 Voronjez 2017.pdf

Download (800kB) | Preview

Abstract

Поезијата на Блаже Конески веќе долго време предизвикува голем интерес и кај читателската публика и во книжевно-научните кругови. Во овој труд се анализираат и се интерпретираат песните на Конески што имаат специфики на молитва. На почетокот од трудот се определува потеклото и значењето на терминот молитва, а потоа се посочува конкретниот апликативен материјал што е предмет на интерпретација. Станува збор, имено, за шест песни на Конески во чиј наслов се содржи зборот молитва објавувани во разни поетски збирки: две песни со наслов „Молитва“ во збирката „Песни“ објавена во 1953 година; песна со наслов „Молитва за сон“ во збирката „Стари и нови песни“ од 1979 година; песна со наслов „Молитва“ во збирката „Црква“ од 1988 година; песна со наслов „Молитва“ во збирката „Небеска река“ од 1991 година; песна со наслов „Молитва за успокојување“ во последната стихозбирка „Црн овен“ објавена во 1993 година. Но, во трудот се анализираат и други песни на Конески во чија содржина се среќава одреден молитвен призвук. Тоа значи дека интенцијата на овој труд е да се интерпретираат „молитвените стихови“ на Конески во интегрална форма, односно да се елаборираат семантичко-синтаксичките особености на поетскиот ораториум на македонскиот поетски бард Блаже Конески.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 02 Feb 2018 09:57
Last Modified: 02 Feb 2018 09:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19301

Actions (login required)

View Item View Item